Градоначалниците на општините Лозово и Свети Николе го потпишаа договорот за реконструкција на локалниот пат кој што ги поврзува двете општини преку селата Ѓуземелци и Кнежје, со Центарот за развој на вардарскиот регион.
Градоначалниците Бошко Цветковски и Дејан Владев го изразија своето огромно задоволство од реализацијата на овој значаен проект кој што е барање и во интерес на жителите на двете општини.
Дополнителна вредност на проектот е што овој пат поврзува повеќе културно-историски обележја кои што можат да се искористат во функција на развој на културниот туризам во двете општини.
Јавната набавка за избор на најповолен понудувач за изведба на работите е веќе распишана а изведувачот ќе биде познат на 21.02.2022 година кога ќе се изврши отварање на пристигнатите понуди на тендерот.
“Реконструкција на локален пат Ѓуземелци(Општина Лозово) – Кнежје(Општина Св.Николе)
Потпишан договорот
Распишана Јавна набавка
Започнуваме со поврзување на Општина Лозово и Општина Св.Николе преку изградба на Патна инфраструктура до туристички локалитети :
археолошки локалитет “Била Зора”-с.Кнежје и
Црква „Св. Ѓорѓи“ -с.Ѓуземелци
Изградбата на овој пат, години наназад е главно барање на с.Ѓуземелци, с.Милино и с.Кнежје, со единствена цел-поврзување на нашите општини.
Граѓаните од овие населени места заслужуваат асфалтиран и нормален пат, а позитивните ефекти од истиот допрва ќе дојдат до израз. Комуникацијата ќе биде многу подобра, безбедноста во сообраќајот, многу поголема, можноста за оштетување на возилата, сведена на минимум. Новиот пат, ќе значи нови можности за развој и заживување на селата, развој на земјоделството и сточарството, враќање на младите и подобрување на условите за живот во руралните делови.
Посебна благодарност до в.д директорот, г-ѓа Татјана Темелковска и Преседателот на Центарот за развој на Вардарско плански регион, г-дин Марко Колев за заложбите во делот на рамномерниот развој на сите општини во овој регион
п.с. Она што го ветувавме, го спроведуваме на дело.
Нашиот збор-ВРЕДИ“
-соопштија Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово и Дејан Владев- Градоначалник на општина Свети Николе преку социјалните мрежи.