• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Русија и Украина на работ на војна?

ноември 20th, 2021 Колумна коментари 799

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Русија и Украина на работ на војна?

Деновиве вниманието на целата светска јавност е насочено кон Источна Европа, поточно кон Украина од каде што стигнуваат загрижувачки вести за можна голема локална војна помеѓу Украина и Русија, поради Донбас. Вештачка криза или судирот е неизбежен? Дали е можна ескалација на ситуацијата, или се работи само за означување на своите црвени линии, како и за зголемување на влогот пред новите преговори помеѓу Русија и Западот, и средбата помеѓу претседателите Путин и Бајден. Мигрантската криза во Белорусија, Северен тек 2 како и енергетската криза во Европа се дел од големата игра околу Украина. Украина е само пиун во големата геостратешка игра помеѓу Русија и Западот, но значаен пиун кој што може да доведе до голема војна. Според Клаузевиц (пруски генерал, воен историчар и воен теоретичар) „Војната е продолжување на политиката, но со други средства“.

Евентуалната ескалација може да доведе до отворена голема војна помеѓу Русија и Западот за прв пат после 1945 година. На некој начин и Северен тек 2 како и енергетската криза во Европа, како и мигрантската криза на границата помеѓу Полска и Белорусија исто е поврзана со Украина, и со разврската на ситуацијата околу јазолот Донбас. Со последната ескалација, Киев, Вашингтон и Лондон сакаат да ја поткопаат довербата на ЕУ, пред се на Берлин и Париз кон Русија, и на тој начин да го спречат пуштањето во функција на Севрен тек 2. Со пушањето во функција на Северен тек 2, Украина ја губи својата стратешка важност, и поради тоа Киев по секоја цена сака да го спречи пуштањето во функција на Северен тек 2. Судејќи според сите информации од терен, фигурите на шаховската табла се разместени и од двете страни. Бидејки дипломатите од двете страни не можат да најдат оддржливо решение за отворените проблеми, на сцена стапува воената дипломатија, военото маневрирање и блефирање како и многупати низ историјата. Ситуацијата деновиве се развива забрзано, и двете страни водат отворена информациона војна, полна со пропаганда и со дезинформации. Слично сценарио се случуваше и во април 2021 година, тогаш и покрај големата концентрација на воени сили од двете страни, не дојде до ескалација на ситуацијата. Воената дипломатија тогаш даде резултат, и Киев се откажа од планот за воена операција против Донбас.

Но она што е интересно е дека за прв пат после крајот на Втората Светска Војна, германски воени единици, механизирани единици се наоѓаат на границата на Полска со Беларусија, за да и помогнат на Полска во справувањето со мигрантската криза. НАТО го зголемува своето воено присуство во Источна Европа, поточно во Балтичките држави, и пред се во Полска. Истовремено, САД и Велика Британија го зголемуваат своето присуство во Црното Море.

Регионот Донбас на истокот на Украина е јаболко на раздорот помеѓу Русија и Украина, како и помеѓу Русија и Западот. Поради Донбас во 2014 година започна новата Студена Војна 2 помеѓу Русија и Западот. Во 2014 година после антиуставниот преврат во Киев, Украина изгуби контрола над голем дел од територијата на Донбас, по што започна жестока граѓанска војна која што трае и до ден денес. Во 2014 и 2015 година како резулат на воени порази кои што украинската армија ги доживеа од Армијата на Донбас (поддржана од Русија), Киев беше принуден да склучи понижувачки мировен договор со бунтовниците во Минск со посредство на Германија, Франција и Русија, познат како Минск 1 и Минск 2. И покрај тоа што Украина тогаш се обврза и на себе ги зеде обврските да ги спроведе договорите, Украина до ден денес не го исполни договорот. Наместо тоа, Украина секоја година го зголемува воениот буџет и се подготвува по воен пат да го врати Донбас назад во составот на Украина. Но официјална Москва нема да дозволи такво сценарио по никоја цена. Официјален Киев неодамна неофицијално излезе од Минските договори, и нема намера истите да ги спроведе. Со помош на САД, Велика Британија, Турција, Чешка, Полска, Бугарија и во помал обем Франција, Украина успеа да изгради солидна армија. Покрај набавката на оружје, воена опрема и муниција од овие држави, Украина добива и донации од истите.

Украинскиот претседател, Владимир Зелински, во 2019 година дојде на власт со ветување за ставање на крај на граѓанската војна на Украина, помирување, економски реформи и напредок. Наместо тоа, тој беше принуден да ја продолжи политиката на својот претходник Петро Порошенко во однос на Донбас. Зелински ја надогради таа политика, и наместо да работи на враќање на Донбас во составот на Украина, тој работи на негово одделување. Наместо развој на економијата, Зелински ја продолжи милитаризацијата на државата, како и ставање на целата економија во фукнција на армијата.

Украина и Западот ја обвинуваат Москва дека е спремна да изврши воена инвазија врз Украина. Од друга страна, официјална Москва тврди дека располага со докази дека Украина со помош на САД и НАТО се подготвува за воена операција на Истокот на Украина (Донбас) по примерот на „Олуја“ и „Нагорно Карабах“. Со цел да ја спречи воената операција, Москва започна со разместување на воени единици на границата со Украина слично како и во април 2021 година, со цел создавање на притисок врз Киев (плус Берлин и Париз) да се откаже од намерата за воена операција, и да ги исполни условите од Минскиот договор. Официјален Кремљ изјави дека нема да дозволи Украина да го нападне Донбас, и дека доколку Украина се одлучи на аков чекор, истиот ќе биде погубен за Украина (600 000 жители на Донбас веќе имаат руски пасоши). Во случај на напад од страна на Украина Русија ќе се вмеша воено во конфликтот и ќе ја принуди Украина кон мир како и во 2014 и 2015 година.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот ја влошува ситуацијата и е многу површен во однос на предупредувањата на Русија да не ги преминува „црвените линии“. „Се разбира, ние разбираме дека нашите партнери се многу чудни и, благо кажано, тие имаат многу површен став кон сите наши предупредувања и разговори за „црвените линии“. Според него, „западните партнери ја влошуваат ситуацијата со снабдување на Киев со смртоносно модерно оружје, спроведувајќи провокативни воени маневри во Црното Море, и не само, туку и во други региони блиску до нашите граници. Постојано ја изразуваме нашата загриженост за ова, зборуваме за „црвени линии“ [1], – рече претседателот на Руската Федерација на проширениот состанок на колегиумот на руското Министерство за надворешни работи.

„Загрижени сме поради извештаите за невообичаените активности на Русија на границите на Украина. Внимателно ги следиме и се консултираме со нашите партнери и сојузници [2]“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Не сме сигурни што точно има намера Путин со Украина“, призна Лојд Остин, американскиот секретар за одбрана во средата. Велика Британија потпиша договори за продажба на оружје на Киев овој месец, со кој се обврза да продаде 10 поморски бродови и нови ракетни системи за да се спротивстави на заканата од Москва. Борис Џонсон предупреди дека би било „трагична, трагична грешка за Кремљ да мисли дека се може да се добие со воен авантуризам во Украина [3]“.

НАТО веќе не крие дека отворено испраќа војници, воени инструктори, опрема и оружје во Украина. Но во случај на војна, Украина нема шанси против Русија, без разлика на помошта од НАТО и од САД. Целиот свет е сведок на демонстрацијата на брзо преместување на воена техника, оружје, воени бродови, воени единици од едниот крај на Русија на другиот, по воздушен, морски и железнички пат. Сето тоа е импресивен приказ на сила и моќ. Околу Крим и Донбас Русија создаде A2/AD одбранбени зони, со повеќе од 92 000 војници, 300 борбени авиони, околу 300 хеликоптери, околу 1 200 тенкови, околу 1 500 артилериски системи, како и 1 800 борбени окоплни возила, и повеќе од 40 борбени бродови и подморници. Формирани се 4 ударни групи на границата со Украина. Факт е дека од 2014 година Русија на границата со Украина држи огромни воени сили, за да можат да интервенираат во Украина по потреба. Руската армија е подготвена во случај на наредба преку бесконтактна војна за неколку денови да ја уништи украинската армија на Истокот на Украина и да ја принуди Украина кон мир, по примерот на Грузија 2008 година. Иако Украина околу Донбас има распоредено повеќе од 150 000 војници, околу 1 000 тенкови, повеќе од 1 000 борбени возила и артилериски системи, истата не може да се спротистави на супериорната руска армија.

Ескалацијата на конфликтот во Источна Украина е малку веројатна во моментов. Целата игра е околу Северен тек 2, како и обидот на Украина да добие поголема помош од Западот, плус да дојде до склучување на нов мировен договор помеѓу Украина и Донбас, кој што би бил прифатлив за Украина. Нема да има никаква војна, тоа е факт. Украина е само една точка од глобалниот судар. Се работи за игра на мускули околу Украина, покажување на воена сила, како и принудување на противникот да се вразуми и да се врати на масата на преговори. Збигњев Бжежински, поранешен советник за национална безбедност на САД за време на претседатело Картер, во својата книга „Големата шаховска табла“ од 1996 година има пишувано за значењето на Украина за Русија. Украина е од посебна важност за руската воена стратегија, односно Украина по никоја цена не смее да влезе во НАТО. Тоа е поради опасноста за Русија, и за руската стратешка длабочина од појавувањето на НАТО воени единици, ракети на границата на Украина. Бжежински во својата книга пишува „ Без Украина, Русија престанува да биде империја, но со Украина, поткупена и потоа подредена, Русија автоматски се претвора во империја “.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • војна
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • Русија
  • САД
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Македонија помеѓу Белград и Софија
Следна објава ЕУ и САД ја враќаат Македонија во прегратките на Белград
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 561
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 569
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 567
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 546
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 473
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 900
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 710
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 701
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

4292
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1594
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.