Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово, Бошко Цветковски, во свое видео обраќање ја обвинува актуелната власт од СДСМ во Лозово за “бескорпулозен и срамен политички реваншизам на локалните шерифи врз дел од вработените во локалната самоуправа, комуналното претпријатие и образовните институции”.
Ваквите обвинувања на Претседателот на општинскиот комитет на огранокот на опозицијата во Лозово ја темели на повеќе свои аргументи, кои може да ги погледнете во неговото видео обраќање во продолжение:
Текстот на видео обраќањето го пренесуваме интегрално во продолжение:
СДС, продолжува со политичкиот реваншизам кон политичките неистомисленици. Во неколку наврати до сега укажував на истото со надеж дека конечно ке запрат ваквите дејствија но залудно.. Затоа сакам уште еднаш да презентирам пред целата јавност како се однесуваат функционерите од редовите на СДС кон сите оние кои имаат поинакво мислење од нивното.
Политичкиот реваншизам што веке 18 месеци бескрупулозно и срамно го спроведуваат локалните функционери од редовите на СДС врз дел од вработените во локалната самоуправа, комуналното претпријатие и образовните институции, деновиве кулминираше со атак врз мене и моето семејство.
Имено,за тоа говори поднесената кривична пријава кон мене како актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово за наводна повреда на член 149 од КЗ и Иницијативата за покренување на дисциплинска постапка против Снежана Цветковска која впрочем ми е мајка ,а не „Родител бр:2“ како што љубите да кажете.
Господине Велковски, доказите кои ги имате доставено како скрин од објави, се ваше предизборно ветување за обезбедена донација „Џип за чистење снег“ кој никогаш не пристигна во Општина Лозово и Скрин од ваш пост за тоа дека ке биде отворена Бензиска пумпа до крајот на 2017 год но до ден денешен ни трага ни глас од истите!! Зборот е збор,но добива на важност кога ке постане дело, господине Велковски!
За да биде уште поизразен политичкиот реваншизам кон мене, вие господине Велковски се осудивте да покренете иницијатива за дисциплинска постапка против мојата мајка бидејки има измиено филџан за кафе!! Се прашувам уште колку ниско може да паднете со вашите постапки?!
Факт е дека партиското изживување и малтретирање во администрацијата започна веднаш по промената на локалната власт, по што следеше измена на систематизацијата на работните места, доделување на нови решенија и прераспределување на несоодветни работни места на сите неистомислени. Истовремено нови партиски војници од редовите на СДС почнаа масовно да се ангажираат во општината, иако дотогаш постојано се жалевте за наводно гломазната неефикасна и превработена администрација..
Притоа единствената задача на партиските војници и професионалните политички трансформери, а сега поставени како раководни лица е да бидат ваша продолжена рака, да шиканираат, малтретираат и ги заплашуваат сите оние кои не мислат исто и одбиваат да учевствуваат во криминалиите кои ги прави СДС.
Ако го земеме во предвид периодот од промената на локалната власт до денес, имаме десетици случаеви, каде локалната власт се пресмета со сите политички неистомисленици и со луѓето кои не сакаа да бидат дел од криминални дејствија на локалните функционери..
Вработени кои години наназад биле успешни во својата работа како услужен сервис на граѓаните беа префрлани во целосно несоодветни простории без обезбедени технички услови под секакво професионално и нечовечко достоинство.
Вработената во Агенција за Вработување беше префрлена на работа во Св.Николе со што се доведе во прашање ненавременото заведување во листа на активни баратели на работа како и дополнителни трошоци за граѓаните.
Бремени жени кои беа ангажирани како наставници, не им беа продолжени договорите иако години наназад го вложиле своето знаење и труд за кое сведочат успесите на училиштето.
Писмени и усмени опомени, и дисциплински постапки за какви ли не банални причини како: „ЛУД ПОГЛЕД“ ДА,токму така!! Не ЛУТ,ЛУД поглед!! За наводна опструкција на работа работни задачи и што ли уште не!!
Таквите низа активности на класичен мобинг врз дел од вработените продолжи со партиско оценување на административните службеници.
Наместо да бидат доделени оценките врз основа на законски определените критериуми од резултатите од работата и личните квалитети на работниците, раководните лица во локалната самоуправа, оценувањето го направија исклучиво по правилото:Или си со нас, или си против нас, не срамејки се да ја покажат намерата за политичка пресметка со политичките опоненти. Каква ли коинциденција, добрите оценки се резервирани за политичките трансформери и партиските војници на СДС, а на останатите што не влегуваат во оваа категорија им се даваат ниски и незадоволителни оценки, ускратувајки им го правото за напредување во кариерата-односно со измислени дисциплински постапки се симнуваат по неколку скалила за на крај да бидат под закана за бркање а некои и избркани од работа!!
На тој начин господине Велковски, вашите функционери и политичките трансформери,вршите ужасна, непрофесионална и нехумана селекција и поделба на вработените во општинската администрација, на наши и ваши, на подобни и неподобни, на послушници и противници..
Професионалците и чесните работници,ни криви ни должни,страдаат на своите работни места само поради јакиот порив на раководството на СДС во о.Лозово по секоја цена да се пресмета со сите што не мислат и не делуваат според диктатот и режимот на СДС..
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово, предупредува дека СДС на тој начин само придонесува да се создаде зла крв мегу луѓето што крајно не може да донесе никому,ништо добро. Напротив, може само да го продлабочи револтот, омразата и нетрпеливоста помеѓу довчерашните колеги и соработници што веќе наголемо се чувствува на секој чекор по општинските сектори и одделенија.
Полека но сигурно со СДС на власт, за жал стануваме држава каде наместо демократија, се владее со страв и кршење на основните човекови права,спротивно на основните европски и универзални вредности.
Ова е демократијата и демократските принципи за кои се залагаат господинот Велковски и неговите први соработници!! Принципи со кои што однародената власт се обидува да го умртви секое поинакво размислување и да забрани секакво политичко делување а воедно и да се испрати порака на заплашување дека секој ке се најде на листата на отстрел доколку не се согласува или се спротивставува на антидржавните политики на Заев и СДС.. Вакво нешто не се случувало, ниту се случува во Европа кон која се стремиме.
За нас како Општински Комитет, ова што го прави локалната власт претставува срамен и кукавички чин..Свесни се дека ние како ВМРО –ДПМНЕ нема да бидеме неми сведоци за нивните постапки па затоа посегнаа на ваков најбрутален начин да се пресметуваат со нас.
Јас како Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово во однос на овој политички реваншизам и обидите да се забрани опозициско делување ке побарам лична и политичка одговорност пред државните органи за сите овие чинители кои сега јаваат на бранот на еуфоријата ,мислејки дека времето почнува и завршува со нив и дека вечно ке им трае ова задоволство.
Оттука му порачувам на господинот Велковски да престане да се занимава со политичките неистомисленици и конечно да се фати за работа, бидејки скоро се, од досега реализираното, беа проекти во финална фаза за кои беа обезбедени пари од неговиот претходник Орце Цветковски кој доага од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.
Сосема за крај, сакам да им порачам на политичките инспиратори, нарачатели, помагачи и реализатори на ова црно сценарио: Да можете да ни се заканувате!! Да,можете да не уценувате!! Да,можете да не блокирате и попречувате, но знајте дека не ви се плашиме!! Со секој ваков начин на насилство, само дополнително не мотивирате!! Нема да не скршите, бидејки не можете да ја скршите нашата волја и одлучноста во борбата за Правото и Правдата, во борбата за МАКЕДОНИЈА!!