На социјалната мрежа Твитер има реакции за намерното палење на шумските појаси на Шара.
Во реакциите има и повик до надлежните да реагираат, како и ракција на меѓусебното префрлање на надлежностите за справување со овој проблем. Според граѓаните општината и Центарот за управување со кризи си ја префрлаат надлежноста и одговорноста за справувањето со овој проблем.
Најверојатните причини за палењето на шумските појаси на Шара се создавање на нови пасишта на постоечките локации кои се пошумени или пак за да се овозможи користење на опожарените дрва за огрев во престојната гречна сезона.
Оваа еколошка катастрофа која се случува во период од неколку недели надлежните допрва треба да ја разрешат.
Извор:Курир