Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ во Македонскиот парламент и актерка Софија Куновска на својот фејсбук профил ги коментира најавите на врвот на СДСМ за формирање на т.н. тандеми на кандидатските листи за пратеници за претстојните Предвремени парламентарни избори на 12 април.
Во својот текст таа прави споредбена паралела на состојбите во СДСМ со декаденцијата на француската аристократија во периодот од пред Француската револуција.
“Патолошките амбиции донесоа “тандеми” во СДСМ, а ако се подзасили тепачката може и до “тројки” и “квартети” да стасаме.
Секоја сличност со “Квартет”, дело на Хајнер Милер, базирано на вонвременскиит роман од скандалозниот писател Пјер Шодерло Де Лакло, “Опасни врски” ќе стане видлива релативно брзо.
Во романот се раскажува за перверзните игри на двајца благородници, кои на валкан начин се обложуваат да заведат млада девојка, да ја искористат и да ја отфрлат. Првичната одредба е дека романот раскажува приказна со морална поука, но според повеќемина, нагласокот е повеќе врз декаденцијата на француската аристократија кратко пред Француската револуција, фрлајќи светло врз перверзиите на стариот француски поредок.”
-напиша на фејсбук Софија Куновска.