Граѓаните на Македонска Каменица но и пошироко од регионот синоќа имаа можност да се забавуваат со музиката на повеќе македонски музички состави кои што се едни од најзначајните музички имиња во последните декади во државата,
“Со настапите на НОКАУТ, АРЕА и ЉУБОЈНА заврши музичкиот дел од музичко-спортскиот настан преку кој ја боиме Македонска Каменица во најубави бои.
Останува да се одржат спортско-рекреативните настани Tour The Kalimanci Lake и Kamenica Night Run.
Водител на музичката програма беше каменичката гордост Ана Михаиловска – учесник и победник на неколку ораторски настани.
Генерален покровител на настаните е Рудник Саса.”
-информираше градоначалникот на општина Македононска Каменициа Димче Атанасовски.
Огромна благодарност за сите кои безрезервно ја поддржаа и допринесоа за реализација на манифестацијата која од наредната година ќе добие помодерен лик.


