Загреб и неговата околина беа зафатени од силна бура со пороен дожд и грмежи – соопшти хрватскиот метеоролошки институт. Бурата била страшна која придонесла многу материјални штети , а има и повредени граѓани. Бурата корнела дрва, делови на фасади , кровови на објекти.
Според синоптичарите, поројни дождови и грмотевици ќе продолжат во текот на целиот ден и во текот на ноќта, и на места ќе се засилат. Во последните денови силни бури ја парализираа земјата, а особено силно беа погодени јадранскиот брег и островите.
Службите на Итната помош , полицијата и противпожарната единица во Хрватска се здобива со рекорден број повици и е подготвена за интервенции.