• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

ВМРО – Автономистичка и МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ

август 29th, 2019 Македонија коментари 1419

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ВМРО – Автономистичка и МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ

Магарешките атентати — низа терористички акти извршени во текот на 1911 и 1912 година од дејци на новата организација ВМРО, која произлегла од расцепот на Македонската револуционерна организација. 
Во периодот што непосредно претходел на Балканските војни, во Македонија ВМРО ја продолжила вооружената борба, но со нова тактика. На Ќустендилскиот конгрес се дало акцент на тероризмот и од тука произлегле т.н. Магарешки атентати. Со атентатите се сакало да се предизвика турскиот фанатизам и со очекуваната реакција од нив се сакало да се вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците. Убиствата извршени од страна на Турците биле еден од поводите за почеток на Првата балканска војна.

Мошне сликовит опис на магарешките атентати дава Анастас Митрев, кој запишал:

Некаков македонски бедник го натоварил магаренцето со две торби пченкарно брашно, оди на пазар за да го продаде брашното на други бедници. Го пречекува четата и, со пари или без пари, му го зема магаренцето, става во едната торба пеколна машина и еден од четниците, преоблечен во селска облека, тргнува со магаренцето кон пазарот. И таму, каде што се струпува турската сиромаштија, запира ’продавачот’ на пченкарно брашно, ги растоварува торбите и ги соблазнува даалиите што скитаат по пазарот со викот ’евтино брашно!’ Даалиите се натрупуваат околу ’продавачот’, секој посакува да купи евтино брашно за да ги нахрани своите гладни деца. ’Продавачот’ одвреме навреме го погледнува часовникот и, две-три минути пред избувнувањето на пеколната машина, ја прекратува продажбата за малу, оди да го види магаренцето, или по нужда и не се враќа повеќе. Пеколната машина експлодира и откинува некому рака, некому нога, некому глава од насобраната турска сиромаштија. Атентаторот жив, здрав и насмеан дека успешно си ја извршил дадената задача се враќа кај четата на определеното место.

На 4 декември 1911 година (нов стил) во Штип експлодирала вреќа со бомби. Според еден извор, при тоа биле убиени двајца Турци, а биле ранети 25 Турци, еден Евреин и еден Македонец. Како резултат од оваа терористичка дејност за помалку од еден час биле убиени 17 христијани, а 149 биле ранети. Според друг извор, во терористичкиот напад загинале тројца Турци од кои едно дете, а биле ранети 12 други, додека во реакцијата Турците истепале 20-мина и потешко или полесно раниле 309 штипјани.

Во првичните извештаи на кајмакамот на Штип до валијата на Косово актот на насилство на муслиманите врз христијаните го оправдувал со наводно поставената бомба наспроти ѕидот од џамијата при што биле повредени тројца муслимани од кои едниот починал. Но, по испитување на повеќе извори, Вилијам Хав, британскиот вицеконзул во Скопје, утврдил дека бомбата не била поставена спроти ѕидот на џамијата за време на молитвата, туку била донесена од страна на некој селанец, скриена во кола полна со продукти за пазар, и оставена до јавната вага на пазаришниот плоштад околу 9 и 30 часот наутро. Таа експлодирала неколку минути подоцна. Мали штети биле направени на ѕидот од соседната џамија. Неколку лица кои стоеле настрана, повеќето Турци, биле сериозно повредени, а еден од нив починал по три дена. 
Според извештајот на епископскиот викар од Штип, по овој несакан инцидент, целата муслиманска популација, разлутена до краен степен, се нафрли врз невините христијани. Голема толпа Турци, меѓу кои имало војници, полицајци и други државни службеници, вооружени со ножеви, пушки, револвери, секири, палки, чекани и др. удриле врз христијанското население дојдено да пазарува, со повиците Убијте ги каурите. Во рок од половина час голем број христијани биле убиени и повредени. Во тој прв налет биле убиени 17 луѓе на лице место, тешко повредиле неколку десетици, а полесно околу 150. Вкупниот број изнесувал 302. Тројца од повредените починале подоцна од добиените повреди. 
Во целиот настан најповеќе настрадале жителите на Штип кои биле целосно невини за какво било учество или согласност со злосторството, туку тоа било инспирирано многу повеќе од желбата да бидат казнети како и да доведе до инцидент. Лем наведува дека по шокантното убиство на шест муслимани близу Килисели, и правните последици и други процеси во Штип, … минатата година, видните лица од овој град решиле целосно да ги прекинат врските со организацијата на Тодор Александров, одбивајќи дури да даваат придонеси, како порано, во неговите фондови или да ги примаат и разнесуваат неговите емисари кога тие го посетуваат градот. После тоа, Александров ја објавил својата намера да им го доведе умот.

Се случиле повеќе вакви атентати: на почетокот на 1912 година во Штип, на 1 август 1912 (нов стил) во Кочани, а на 28 август во Дојран. 
При атентатот во Кочани експлодирале две бомби и биле убиени 28 Турци, по што биле убиени 21 Македонец, а биле ранети 190 души. Според други извори загинале петмина Турци, а како реакција на тоа, толпата и војската од тамошниот гарнизон убила 38 Македонци, меѓу кои и неколку деца, додека бројот на повредените достигнал 466 души.
Во Дојран, според едни извори загинале 13 Турци, а биле ранети 42 Турци и тројца Македонци. Според други 60 Турци и 5-6 Македонци.
Бомбени атентати во 1912 година биле извршени и во Битола (30 јануари и 24 септември), Кичево (17 февруари), Крушево (9 февруари и 6 септември), Охрид (25 април и 30 јули), Ресен (31 јули), Прилеп (2 септември), Кавадарци и во други места. Бомби биле откриени и во Солун.

Извори:
1.Виолета Ачковска и Никола Жежов „Предавствата и атентатите во македонската историја“, Скопје, 2004. 
2. Анастас Митрев „Мемоари, огледи, статии“, Скопје, 1974, 83 стр.

Пишува: Ванчо Миленковски

  • Ознаки
  • Атентат
  • ВМРО
  • Независна Македонија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Заев со порака до младите: Млади втурнете се во земјата
Следна објава И по трет пат во два дена реконстрирана "Школка". Овојпат со бела флека
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 715
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1323
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 460
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 670
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

773
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1144
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.