По повод 7 Септември- Денот на ослободувањето на Делчево советници и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ оддадоа почит пред споменикот на паднатите борци од НОВ во Втората Светкс аВојна во центарот на Делчево.
Делегацијата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата овој настан го организираше посебно пред настанот кој што го организира општина Делчево раководена од градоначалникот од редовите на СДСМ, во знак на револт против анти македонските политики кои што ги спроведува оваа партија на национално ниво.
Од опозициската партија во Делчево информираат дека е лицемерно членови на СДСМ кои се на високи функции во локалната самоуправа да се поклонуваат пред жртвата на паднатите борци за слободата на Делчево кога нивната партија денес се обидува да го бугаризира Македонскиот национален идентитет, додека ја осиромашува државата и граѓаните. Ваквата политика ќе биде казнете во периодот кој претстои а овие функционери кои се на власт денеска ќе се срамат за своите постапки кога ќе ги напуштат функциите,
-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.