Неколку велосипедисти, вљубеници на името и делото на Тоше Проески, пристигнаа во Крушево по повеќе од 900 километри на велосипед во чест на нашиот Тоше Проески.
Велосипедистите Драган Јованов, Тони Стефанов, Маријан Хаџи Мустафов и Ѓорѓе Белевски се кавадарчани кои пред седум дена го започнаа патешествието во чест на Тоше. Тргнаа на своите велосипеди од местото каде нашиот ангел го изгуби животот, и пристигнаа пред Спомен Куќата на Тоше Проески во неговото родно Крушево.