Артан Груби од ДУИ кој што е прв заменик Премиер во владата на Димитар Ковачевски од СДСМ преку социјалните мрежи најави поставување на камен темелник на нова фабрика за производство на електрични возила во Тетово. Груби се пофали дека оваа инвестиција ќе добие 130 милиони евра државна помош (читај пари на сите граѓани на државата) за да биде успешно реализирана.
Ваквата значајна помош која ја дава владата на СДСМ и ДУИ за оваа инвестиција ги надминува сите суми дадени како поддршка за развој на економијата во цела источна Македонија, што е своевидна дискриминација и злоупотреба на парите на даночните обврзници во фунција на развој доминантно на еден град во Македонија.
„На годишнината на Охридскиот мировен договор, во сабота на 13 август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 130 милиони евра со што ќе се отворат 900 нови работни места“,
-соопшти Артан Груби преку социјалните мрежи.