Д-р Велика Стојкова Серафимовска која што е и претставник на Република Македонија во Регионалниот центар на УНЕСКО во Софија за Нематеријалното културно наследство на југоисточна Европа на фејсбук алармираше за потценувачкиот однос на надлежните раководни структури во Министерството за Култура на Република Македонија во врска со финансирањето на активностите на заштитените културни добра од Република Македонија под заштита на УНЕСКО, како и воопшто за критериумите за распределбата на сретствата од овогодинешната Програма на Министерството.
Во продолжение интегрално го пренесуваме нејзиниот статус:
Сите си кажаа, еве и јас во мојата област… Р. Македонија има впишано 5 нематеријални културни добра во листите за заштита на овој вид наследство на УНЕСКО (https://ich.unesco.org/…/the-former-yugoslav-republic-of-ma…)
Но, за министерот за култура (Асаф Адеми), комисијата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство (претседател е Мила Шурбановска) и кабинетот на министерот многу очигледно УНЕСКО не е никаква референца. Резултатите велат дека за овие 5 елементи се доделени вкупно 480 000 ден. од кои: 210 000 за Копачката, 190 000 за Хидрелез кај Турците во Македонија, 50 000 за Гласоечкото пеење во Тетовско (Гласоечко е впишано на листата на УНЕСКО за ургентна заштита) и 30 000 за Мартинките. Прославувањето на празникот Четрсе во Штип не се ни спомнува. Но затоа пак за Пеливанството кај Албанците во Студеничани се доделени 800 000 ден. + 200 000 ден. за Пеливанството кај Турците. Напомена, многу важна, Пеливанството не е впишано ниту во единствениот Национален регистер за културно наследство на Р. Македонија. Процесот на впишување на нови елементи во националниот регистер веќе 2 цели години не фукнционира бидејќи се чека да се смени составот на Националниот совет за културно наследство на Р. Македонија.
Е сега, прашања кон горенаведените субјекти, а и до Владата на Р. Македонија: По кои критериуми се финансирани и понижени 5 елементи од нематеријалното културно наследство на Македонците, Турците и Ромите во Македонија, елементи за кои како впишани во УНЕСКО државата со потпис на министерот дала гаранција дека ќе ги заштитува, промовира, зачувува и афирмира?! ПОТПИС НА МИНИСТЕР НА СЕКОЕ ДОСИЕ – види погоре даден линк од УНЕСКО!!!!! И како тоа Пеливанството не само што е финансирано со повеќе од дупло средства одколку кај сите 5 УНЕСКО-ви елементи вкупно, туку и за Пеливанството кај Албанците се даваат 800 000 ден, а кај Турците 200 000 ден, а се знае многу добро дека главни носител на Пеливанството на овие простори се Турците?!
И, како тоа ние го зацврстуваме идентитетот кај Македонците, ако воопшто не се грижиме за сопственото културно наследство?!?!?!?!
Добро, дали сте свесни дека со едно пријавување во УНЕСКО на оваа програма, заедно со официјалната Стратегија за култура 2018-2023 каде за нематеријално културно наследство нема ниту една цела страна, па и ги утнале елементите, пишува дека Македонија има 4 заштитени елементи во УНЕСКО (веројатно се неписмени тие што ја правеле стратегијата бидејќи само еден линк треба да се отвори до УНЕСКО и сЕ да се прочита) СЕ ЌЕ НИ ИЗБРИШАТ!!!??? Со Охрид веќе треба да се простиме, особено после изјавата за хотелот во Лагадин, ама изгледа министерот и премиерот сакаат не само името, туку и оние малку светски записи за културата на Македонците да ги снема, и тоа да се избрише!!!!
И сега?! Ајде, шарени, зелени, црвени, какви да сте, ајде сега пак зборете дека народот халуцинира…. По сЕ изгледа и Македонија и сЕ што овој народ со векови создавал и зачувувал вие ќе го избришете, дека ве нервира изгледа…
Јас пак со прашања, ама кој прашува еден ден ќе си добие… нешто…