Со јавен повик преку медиумите од еден од ствоите агитаторски настапи, Зоран Заев го повика Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за завземе став за референдумското изјаснување на 30-ти септември. за потоа и преку социјалните мрежи во директна преписка да го повика опозициониот лидер на истото.
Во свој манир на тоа одговори Мицкоски со следниот коментар:
И Квислинг имал став како вас, но бил запишан на темната страна на историјата. Поважно е каков е ставот. А кога сме кај стравот, зошто господине Zoran Zaev страв од дуел, ако веќе имате став? Ајде на дуел да ги спротивставиме аргументите и да види народот како изгледате кога всушност немате став, ниту кичма и морал. И да видите што е вистински став. Римата е забавна, иако гледам имате време за тоа, но овде се работи за Македонија, нашата историја и иднина.