Денес, градоначалниот Илчо Захариев имаше средба со пензионерите. Пред нив ги презентираше сите проекти кои беа реализирани во претходниот период. Од лицата на пензионерите можеше да се забележи задоволство и почит кон неговата работа.
Тој истакна дека ќе направи нов дом за стари лица, нова детска градинка во населбите Сењак и Три чешми, училишна сала во Три чешми, реката Брегалница ќе се уреди од населба 8 Ноември до бањата Кежовица. Кога ги спомна пензиите пензионерите веднаш реагираа и револтирани истакнаа дека нема никакво покачување.