Синоќа во големата сала на Центарот за култура во Битола, со настап на виолинистката Ајман Мусакаџајева од Казакстан и Македонската филхармонија, се отвори дваесет и седмото издание на Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест 2018“ „На „Интерфест“ годинава во единаесетте фестивалски вечери ќе настапат реномирани уметници од 10 земји: Полска, Казахстан, Шпанија, Италија, Русија, Македонија, Украина, Германија, САД, Романија.
На програмата, покрај концертите, ќе се одржи и ликовна изложба на академскиот графичар Паоло Чампини од Италија и претстава на нашите редовни соработници, Народниот театар Битола“.
Под дирегентската палка на Борјан Цанев, синоќа беше изведен концертот за виолина и оркестар во d-moll од Арам Хачатуријан, а како солист на виолина настапи Ајман Мусакаџијева од Казахстан, која на својата Страдивариева виолина приреди вистински музички спектакл, награден од публиката со голем аплауз и дополнителен настап.
Во вториот дел од концертот, Македонската филхармонија ја изведе Фантастичната симфонија од Хектор Берлиоз.