Изборот на жетварската убавица на оваа манифестација е како спој на традицијата и современиот уметнички израз и приказ на патот на оризот од нива до трпеза.
Манифестација каде се прикажа традицијата во оризопроизводството – духовното и материјалното културно наследство поврзанo со кочанскиот крај.
Учество зедоа гости од Унгарија, Хрватска, Словенија и Бугарија.
Фолклорот како дел од нашето културно богатство се презентира со настапи од фолклорни состави од земјава , од Скопје, Велес, Делчевско, Струмичко, Куманово, од Бугарија и од Босна.
Се промовира и Туристичкиот инфоцентар „Пониква“, се прогласи најуспешниот земјоделец, и се додели и признание за хуманист.