Луганската област на 100% е под контрола на руската и луганската армија. И покрај ужасот на војната и разрушувањата, животот полека се враќа во нормала, започната е реконструкцијата на клучната инфраструктура и објектите од витална важност, покрената е економската активност а регионот активно се подготвува за почетокот на школската година и за престојната зима.
Како единствен новинар од Македонија бев дел од осмата прес тура на Министерството за одбрана на Руската Федерација на територијата на Донбас и на Запорожје. Фокусот на оваа прес тура беше ставен на обновата и реконструкцијата на Донбас и Запорожје, како и за условите во кои што живеат жителите на Луганската област. Во Луганск, странските новинари имавме средба со Леонид Пашечник, лидерот на Луганската Народна Република, и посетивме рудник за јаглен, млечен комбинат и коњички полигон за расни коњи. За време на престојот во Луганската Народна Република, можеше да се забележи реконструкцијата на патната инфраструктура, како и изградбата на нови објекти од витална важност, нови болници и школи, станбени објекти, кои што ги изведува Русија.
Во врска со воените дејства тој изјави „Територијата на Луганската Народна Република на 100% е под наша контрола. Нашата армија, заедно со руската армија, во моментов и помага на доњецката армија во ослободувањето на Доњецката Народна Република. Моментално се се бориме со нацизмот, но оној на чело со Украина. Градот Попаснаја, како резултат на тешките борби целосно е уништен, и нема да биде обновен. Жителите на Попаснаја ќе бидат преселени во други населени места.“
Имено, токму победата во битката за Попаснаја и пробивањето на украинската одбранбена линија, овозможи да се стави под контрола целата теритоторија на Луганската Народна Република.
На прашањето за економската состојба во Републиката, Леонид Пашечник изјави „Со помош на Русија успеваме да се справиме, но далеку сме од нивото од пред 2014 година. Заедно со Русија започнавме со економска обнова на Луганската Народна Република во наредните 5 години. Движечка сила на нашата економија е рударството, производството на машини, земјоделството и сточарството. Минатата година извадивме 7 милиони тони јаглен. Просечната плата на рударите е околу 30.000 рубли (500 евра). Дел од јагленот се извезува во Русија. Започнато е со санирање и активирање на економијата на ослободените територии, како и решавање на проблемот со враќањето на бегалците. Училиштата и градинките ќе бидат отворени насекаде низ Луганската област, со исклучок на Лисичанск, Северодонецк, Рубежноје, бидејќи овие градови сè уште се наоѓаат во близина на линијата на фронтот и повремено се цел на ракетни и артилериски напади од страна на украинската армија.
Покрај градот Луганск, го посетивме и градот Свердловск, поточно рудникот Должанскаја-Капитал. Имавме можност да поразговараме со Роман Беловол, главен инженер во рударската управа Свердловска (огранок на рударското претпријатие Должанскаја-Капитал).
„Рудникот е пуштен во употреба во 1981 година. Од тогаш до денес извадени се вкупно 45 милиони тони јаглен. Длабочината на рудникот е 685 метри. Нашиот рудник е основно претпријатие и движечка сила на градот. Обезбедува вработување за околу 5.000 жители, од кои 1 500 се рудари. И покрај тешкотиите настанати од 2014 година, ние постојано работиме. Дневно извлекуваме по 1.000-1.500 тони јаглен. Вклучено автономно одржување на машините и опремата. Намален режим на работа поради недостаток на работници, како резултат на војната. Во зависност од работното место, платата се движи од 20 до 50 илјади рубли“ – Роман Беловол.
Целата опрема, зградите, како и се останатото во рудникот е од времето на Советскиот Сојуз. Насекаде во рудникот и зградите се чувствува духот на Советскиот Сојуз. Како резултат на војната, повеќе од 430 рудари биле мобилизирани, а голем дел од нивните работни места ги завзеле жени, кои што без страв работат во јамите на рудникот, и чекаат нивните мажи, браќа и колеги да се вратат од војната.
Го посетивме и државниот коњички погигон Деркул, каде што имавме можност да поразговараме со Михаил Гладков, началникот на погонот.
„Нашиот коњички полигон е основан во 1765 година, од страна на мајор на руската императорска армија, кој што бил голем љубител на расните коњи. Но во последните неколку години нашиот полигон стагнираше, а во последната година беше многу тешка. 6 месеци работниците беа без плата, и бевме приморани да користи коњи за производство на месо. Но сега нашиот полигон е обезбен со финансии благодарејќи на Русија, и започнавме со модернизација. Сите вработени се на своите работни места, и во моментов нашиот полигон располага со 172 расни коњи. Започнавме со продажба на нашите коњи во Русија“ – Михаил Гладков.
Го посетивме и комбинатот за производство на путер Беловодски, каде што разговаравме со Валентина Чубенко, директор на комбинатот. Се запознавме со технологијата на производство, и имавме можност да пробаме разни видови на млечни производи.
„Во моментов во фабриката за путер во Беловодск работат околу 200 луѓе. Сите места се екипирани, нема слободни работни места. Во нашиот комбинат се произведуваат различни видови путер, млеко, кефир, ферментирано печено млеко, јогурти, павлака, урда, меки и преработени сирења и други видови млечни и кисело млечни производи. Ние самите се занимаваме со откуп на млеко во пет околни квартови – се работи за околу 2.000 доставувачи на млеко. Пред почетокот на конфликтот нашиот комбинат своите производи ги продаваше на територијата на цела Украина, и извезувавме во Германија, Тајван и во Африка. После преминувањето под контрола на Луганската Народна Република, се соочуваме со времен проблем, нашиот комбинат работи со 70% од моќноста. Нашата продукција ја дистрибуираме на територијата на Луганската област, а наскоро ќе почнеме и на териториите на Русија, Запорожје и Доњецк“ – Валентина Чубенко. Интересно е дека млечниот комбинат е изграден во времето на СССР, дел од машините и опремата се од СССР, Русија и од Украина, а во 2018 година комбинатот добил грант преку УСАИД од 2 милиони долари, и купил нова опрема, машини и лаболаторија од Германија. Представниците на Луганската Народна Република, како и претставници од Русија, потврдија дека комбинатот ќе продолжи да функционира, и ќе добие финансии за понатамошна модернизација.
Пишува: Дарко Тодоровски
Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар