Јас сум штипјанец по потекло. Потекнувам од едно од најстарите штипски семејства, го знам и го сакам овој град заедно со неговата историска архитектура, тврдината Исар, мирисот на штипска пастрмајлија и се’ она што асоцира на градот Штип кога ќе се спомене неговото име.
Досега, никогаш не сум пишувал за политиката. Овој пат ќе напишам, испровоциран од многуте политички негативни настани кои се случија, но за да се заштитам себеси и моето семејство ќе останам анонимен.
Го сакам мојот град Штип, и нашата Македонија. Ние, како луѓе не смееме да дозволиме во нашата држава да се воведе втор службен јазик, без разлика за кој јазик станува збор. Треба да си го зачуваме својот македонски идентитет и да го браниме од секој кој што сака да ни го избрише. Затоа ќе гласам против Благој Бочварски, човек кој покажа дека се залага нашиот македонски идентитет да исчезне. Затоа што гласа за двојазичност во целата татковина. Тоа не е потребно за иднината на нашите деца. Децата не заслужуваат да немаат јазик со кој што ќе се гордеат и кој ќе ни служи како обележје на нашата татковина.
Многумина не веруваат во можноста за населување на мигранти. Но, тој проблем станува се’ поинтензивен и поактуелен во политиките на нашата држава. Еве, јас верувам и се плашам. Се плашам за себе и за безбедноста на моите деца и моето семејство. Верувам и многумина се плашат, но нема каде и како да го покажат стравот. Не смееме да дозволиме нашата татковина да вселува мигранти. Ние не сме силна и моќна економија. Ние не можеме да обезбедиме станови за сите нив. Ние не можеме да обезбедиме работа за нив. Затоа што немаме за нас. Немаме доволно станови за да ги згрижиме сите наши луѓе бездомници и социјални семејства, немаме доволно работни места за нашиот народ. Нашата економија ќе крахира. Ова не смееме да го дозволиме. Затоа ќе гласам против Благој Бочварски, бидејќи го одобрува вселувањето на мигрантите во нашата држава.
Луѓето не веруваат во можноста за промена на името на нашата единствена татковина. Но, овие прашања сериозно се разгледуваат. И што ќе направиме доколку го промениме името на државата? Нема да постои Македонија, нема да постои македонската традиција, македонските песни и ора, нема да постои се’ она што е свето и значајно обележје за нашата држава. Овие напори за промена на името длабоко надираат во моите македонски чувства, а јас како човек кој си ја сака татковината никогаш нема да дозволам да се уништи она за што се бореле нашите предтци, а верувам истото би го направил секој вистински македонец. Затоа грубо ќе реагирам на секој обид за откажување од татковината, затоа ќе гласам против Благој Бочварски.
Еве, почнаа со промена на македонската историја. И тоа, ладнокрвно! Велат било за воспоставување да добри односи со Бугарија. Какви се тие добри односи кога ние треба да ја менуваме македонската историја. Онаа историја која секој македонец ја знае. Зошто ние да ја менуваме историјата? Зошто бугарите не ја променат нивната историја? Каков е тој добар сосед доколку има еднострана соработка? Овие прашања силно ме вознемируваат бидејќи задираат во нашиот идентитет. Затоа Благој Бочварски не смее да го добие нашиот глас, затоа што го поддржа договорот со Бугарија. Го поддржа договорот без срам и продолжи да не уверува дека тоа е добро за нашата држава.
Ќе гласам против Благој Бочварски, бидејќи илјадници македонски семејства останаа без работа во периодот на транзицијата. Маките на секоја жена – мајка која нема со што да ги нахрани своите деца засекогаш ќе остане врежан во македонските напатени срца. Секој кој што го преживеал овој период знае, чувствува и со солзи во очите се сеќава на тие непријатни мигови.
Ќе гласам против Благој Бочварски, бидејќи не смееме да дозволиме рекетот и уцените да станат секојдневие во нашиот град. Не смееме да дозволиме давањето на мито повторно да заживее. Не смееме!
Ќе гласам против Благој Бочварски, затоа што ги излажаа тексилните работници. И тоа токму во нашиот град, градот на текстилната и кожарската индустрија. Сведок сум на многубројни приказни на луѓе вработени во текстилната и кожарската индустрија. Минималната плата мора да им ја враќаат на газдите. Работникот е незаштитен. Работи повеќе, а добива помалку!
Независно што се зборува по медиумите за тоа дека изборите беа криминални, за давање поткуп, притисоци, уцени, сите ние сме сведоци, а некои од нас самите се инволвирани во поткупот, притисоците и уцените. Посебно ме иритира ваквото однесување, некако како демократијата да исчезна. Секој од нас има демократско право да избере за кого ќе гласа, никој не смее да дозволи да биде уценет или поткупен. Секој од нас треба да се охрабри и да каже НЕ на поткупот, притисоците и уцените. Секој од нас самостојно, демократски треба да одбере за која личност ќе гласа. Во вакви услови, секој од нас треба да тргне од љубовта кон татковината. Охрабрете се, не плашете се, напревете го вистинскиот избор!
Драги мои штипјани,
Излезете да гласаме сите масовно, да ставиме крај на сите притисоци и уцени, да не дозволиме нашата татковина да престане да постои. Да гласаме за Штип! Да гласаме за нашата сакана татковина Македонија!