• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Зошто Путин се реши да ја „поведе Русија во контраофанзива“ против Западот?

јануари 23rd, 2022 Колумна коментари 1196

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Зошто Путин се реши да ја „поведе Русија во контраофанзива“ против Западот?

Целото внимание на светската јавност во последниот период е насочена кон преговорите за „Стратешката безбедност во Европа“ помеѓу САД и Русија кои што се водат во Женева и Брисел, од чиј што исход зависи иднината на Европа и на Светот. Украинската криза денес може да се спореди со Карибската криза во 1962 година, кога светот беше на работ на нуклеарна војна. Се работи за шаховска игра и игра на нерви, и останува да видиме која страна прва ќе се повлече, или и двете страни се готови да одат до крај, и да го доведат светот на работ на нуклеарна криза, а во Европа да избувне голем воен конфликт. Додека дипломатите преговараат во Женева и Брисел, барабаните на војната се посилно и посилно се слушаат околу Украина. На небото ширум Европа постојано летаат и патролираат разузнавачки авиони и дронови и од двете страни, плус воените сателити за разузнавање се целосно насочени кон Украина. На земја се врши постојан маневар и групирање на воените единици, се со цел збунување на непријателот.  

Москва изјавува дека започна „последното одбројување“, и дека чекаат писмен одговор на своите барања во најкус можен рок, по што сите карти се во игра. САД изјавуваат дека најголемиот дел од барањата на Русија е невозможно да бидат исполнети, и дека 30 јануари ќе и ги предадат писмените одговори на Русија, и бараат истите да не бидат објавени во јавноста. САД исто изјавуваат дека постојат две опции, дипломатија или војна, и дека од Москва зависи која опција ќе биде во игра. Плус Бајден и САД се закануваат со најмоќните економски санкции кои што светот ги видел против Русија доколку руската армија ја премина границата на Украина, но истовремено изјавуваат дека ниту САД, а ниту НАТО нема да војува за Украина.

„ Мислам дека ќе почне да дејствува“, рече тој, мислејќи на Путин. „Тој мора да направи нешто. Русија ќе одговара ако изврши инвазија – и тоа зависи од тоа што Русија ќе направи. Една работа е ако се работи за ограничена инвазија и треба да одлучиме што да правиме, а што не“, рече Бајден. „Но, ако навистина Русија го направи тоа за што е способна … За Русија би било катастрофа да ја нападне Украина“ – Бајден

После крајот на Студената Војна САД и НАТО не ги земаа сериозно предвид загриженоста на Русија во врска со проширувањето на НАТО на Исток, како и барањата на Русија за почитување на нејзината стратешка безбедност, и немешање во нејзината сфера на интереси. САД беа на мислење дека Русија како поразена држава во Студената Војна не е повеќе светска сила, дека е регионална држава, со слаба економија, дека со тек на време Русија ќе биде се послаба и послаба, и дека Русија нема право да има свои стратешки интереси и сфера на влијание (буфер зона). Така беше се до Грузија 2008 година, и посебно до Крим 2014 година, кога Русија почна да игра на воената карта. Западот не ја разбра пораката на Владимир Путин за време на „Минхенската конференција за безбедност“ од 2007 година, како и изјавите на Путин од форумот Валдај 2014 година и форумот Валдај од 2021 година во однос на Украина и стратешката безбедност во Европа. Рускиот претседател во 2009 година Дмитриј Медведев повика на потпишување на „Договор за европската безбедност“, и тогаш на грчкиот остров Крф се одржаа стратешки преговори и самит помеѓу Русија и НАТО за безбедноста во Европа. Но самитот не доведе до потпишување на стратешки договор за безбедноста во Европа.

Како резултат на тоа рускиот претседател Путин не е задоволен од традиционалната дипломатија околу Украина која што не дава резултати од 2015 година, поради тоа, премина кон воената карта во март 2021 година, кога Русија околу границата на Украина размести огромно количество на воени единици.

 „Русија не може едноставно да чека додека на територијата на Украина се негуваат и се шират антируски чувства и се инсталира модерно стратешко оружје, затоа ние директно го поставуваме прашањето за непроширување на НАТО на исток“ – Путин.

Како и многупати во историјата, Русија успешно ја користи воената дипломатија и проекција на воената сила за постигнување на своите политички цели во Европа без објавување на војна. Како резултат на руската воена дипломатија, САД пристапија кон преговори на највисоко ниво со Русија. Иронијата е дека независно од тоа што изјавува Бајден, САД започнаа да ги исполнуваат руските барања. САД и Бајден изјавуваат дека Украина и Грузија нема во блиска иднина да влезат во НАТО. Покрај тоа, САД е готова да се врати кон „Договорот за ликвидација на ракетите од мал и среден дострел (500 км)“, и САД даваат гаранции дека нема да разместат стратешки ракетни системи на Украина. Се интензивираше и дипломатската активност на ниво Берлин-Париз Москва, како и Вашингтон Киев. На 25-ти јануари во Париз е закажан нов состанок на Нормандската четворка за исполнување на Минскиот договор од 2015 година,  кој што е важен за Русија, и според Путин, Бајден може да ја принуди Украина да го спроведе договорот. Путин е на мислење дека Бајден е идеалниот кандидат за склучување на стратешки договор за безбедноста во Европа, бидејќи Бајден ќе биде претседател само еден мандат, и дека тој договор би бил круна на скоро четириесет годишната политичка кариера на Бајден. Плус САД во својата „Стратегија за национална безбедност на САД“ од 2017 година, како и привременета „Стратегија за национална безбедност на САД“ од 2021 година, САД  за главен ривал во светот ја сметаат Кина. За разлика од Русија, за која што Украина е од огромна геостратешка вредност, Украина за САД нема голема геостратешка вредност, но има на политички план за Бајден и за демократите, бидејќи во ноември 2022 година во САД се изборите за Претставничкиот дом на САД, како и изборите за Сенатот, на кои што повеќе од веројатно е дека ќе победат републиканците. После фијаското во Афганистан, внатрешните проблеми на економски план, пораз на политиката на САД во Украина ќе значи дека демократите ќе ги загубат и претседателските избори во 2024 година.

Руските барања кон САД за „Стратешката Безбедност во Европа“ ги означуваат руските цели во Европа и Светот, односно да се промени сегашната ситуација и да се доведе истата на ново ниво, кое што е прифатливо за Русија. Изградба на европската безбедност врз два постулати, НАТО и Русија, или конфронтација помеѓу Западот и Русија, и стратешки одбранбен сојуз помеѓу Русија и Кина, кој што ќе го промени балансот на силите во светот. Русија е спремна да се откаже од сојузот со Кина доколку САД изврши поделба на сферата на влијание во Европа со Русија. Во случај на НЕ од страна на САД, Путин и Русија ќе бидат приморани да реагираат. Русија ќе склучи стратешки воен сојуз со Кина, и Русија ќе мора да реагира во Украина. Русија не исклучува разместување на нуклеарно оружје и стратешки ракетни системи, во Белорусија, Калининград, Крим, на Куба и Венецуела.  Во случај на повлекување на Путин и на Русија пред заканите од САД и НАТО, Русија ќе го загуби меѓународниот углед, ќе се претвори во регионална држава, а во Русија ќе се урне сликата за Путин. Но дали САД се спремни на стратешки договор со Русија? Или следи ескалација и жешка фаза на Украинската криза? Одговорот ќе го добиеме во наредните денови.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • војна
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • Русија
  • САД
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Гоце Марков: На времето беше друго
Следна објава Најава за кривична пријава против Бухова од градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

681
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1234
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.