Во понеделник на 26 ноември во 12 часот, ќе биде отворен Саем на книга во Гостивар. Саемот ќе се одржува во спортската сала “ Младост” во Гостивар. Оваа книжевна манифестација ќе трае три дена, а учество ќе земат околу 15 издавачки куќи од Македонија и Албанија.
Ќе имате можност да се одлучите за дела од скоро сите жанрови. Ќе има избор за сите љубители на пишаниот збор : современи и класични дела, лектири, енциклопедии,романи, стручна и научна литература и многу други.
Манифестацијата ќе биде збогатена со музичка програма, а учество ќе земат и најмладите креативци со изложба на детски цртежи.



