Во четврток (24.10), петок (01.11) и сабота (02.11) битолскиот музички состав Фолтин ќе има свои концерти во Неготино, Куманово и Крива Паланка соодветно.
Концертите се под покровитество на Министерството за култура и се едни од ретките од таков вид во помалите градови, настрана од главниот град.
Со овие концерти на Фолтин кои во суштина треба да ги има многу повеќе на ниво на ваков квалитет, иако во мала мера, се нарушува монотонијата во културната (не)понуда во градовите од периферијата на државата.
Локалните власти на планот на понуда за интегрирана културна афирмација на домашни квалитетни артисти и изведувачи помеѓу локалните граѓани се особено скромни како организатори и во иднина ваквата слика треба значително да се подобри.
Ваквата лоша состојба на културна понуда е особено присутна во општините во Брегалничкиот регион, кој се чини предничи по уназаденоста на овој план


