• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Груевски: Ако во Македонија имаше правна држава Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор најмалку пред една година.

јануари 14th, 2020 Македонија, Став коментари 626

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Груевски: Ако во Македонија имаше правна држава Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор најмалку пред една година.

Ако во Македонија имаше правна држава Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор најмалку пред една година.

Овој олигарх својата моќ ја создаде со користење на многу слабости на системот уште пред моето доаѓање на премиерската функција.

Од скромен и непознат релативно мал бизнисмен со мала градежна фирма успеал на некој начин да издејствува дозвола од државните органи да отвори универзитет каде, според повеќе сведоштва, забележани се случаи каде некои се спремни добро да платат за да дојдат до диплома.

Според информациите, се чини незаконската градба му била нормална работа, па и објектот на универзитетот му бил дива градба која успеал и како таква да ја стави под хипотека во една банка за кредит.

Ова се работи кои обвинителството, ако сака, може да спроведе истрага, да ги провери и разоткрие.

Подоцна на сцена стапува и силната медиумска поддршка преку убедливо најмоќниот медиум во тоа време сопственост на неговиот поранешен сват исто така инволвиран во повеќеслоен милионски криминал за кој подоцна беше во затвор.

На крајот моќта ја заокружува и преку формирање партија со која го употребува гласачкото тело за да дојде до пратеничка положба како инструмент за освојување на поголема финансиска моќ и влијание.

Во фазата кога јас станав Премиер тој веќе во најголема мера ја беше изградил својата бизнис империја, а јас секако споделувам вина што институциите во времето кога бев премиер недоволно се фокусираа да го истражат неговото минато и да го разоткријат и докажат овој концепт на правење бизнис.

Сепак со стопирањето на дивата градба на објектот Космос, општината Гази Баба покажа дека правото во Македонија во тоа време за актуелни случаи функционира дури и кога станува збор за високо политичко лице-пратеник и претседател на парламентарна партија во тоа време.

Законот предвидува 10 години осуда за кривична одговорност за градење ваква дивоградба како Космос и наместо овој човек да го добие заслуженото, со политичка поддршка и разни, нему својствени методи, откако ги загуби сите судски спорови за дивоградбата Космос, успеа да дојде во ситуација да се претставува жртва наместо престапник на Законот кој треба да е изнесен пред суд. Успеа да дојде и во ситуација да бара оштета од државата во вредност од 40 милиони евра, наместо да биде осуден за нелегално градење. Успеа да биде газда на универзитет, наместо државниот систем да направи истрага за начинот како ги заработил парите преку универзитетот и да сноси одговорност за она за што заслужува.

Згора на тоа, велат дека на тој начин има влијание и контрола на голем број универзитетски професори и интелектуалци ставајќи ги некои од нив во ситуација јавно, политички, правно, пред студенти, медиумски, своите познанства и личен авторитет да ги ставаат во негова заштита, кој кога зборува се прашувате како ли завршил средно училиште, а за повеќе од тоа не можете ни да помислите.

Со доаѓањето на власт на СДСМ овој човек, за кого велат дека е голем љубител и посетител на казината низ Европа и светот, најпрвин успеа преку СЈО да му биде повлечено обвинението за дивоградбата Космос, која службениците на општината Гази Баба навреме ја открија и со почитување на Законот ја стопираа.

Дека е дивоградба, самиот Цановски потврдил и писмено, барајќи од истата општина откако го открила неговиот криминал во овој проект, да му биде промената градежната дозвола и да му биде прилагодена на дивоградбата.

Човек кој е чесен, кој е во право, кој работел законски, кој знае дека правдата е на негова страна, кој градел исправно и по закон, никогаш не би потпишал вакво барање со кое признава дека градел незаконски и моли тоа да му се прифати и озакони. Но Фијат потпишал и го доставил до општината Гази Баба.

Да, практично откако не му успеале сите обиди за решавање на проблемот кој свесно си го создал кршејќи го Законот и алчно обидувајќи се да заработи повеќе пари, се одлучил да проба да го реши преку барање од општината незаконската градба да ја озакони и веројатно верувајќи дека пратеничката функција, медиумското влијание, влијанието на интелектуалците кои ги контролира и политиката ќе му помогнат во тоа.

Но одговорот на општината чии службеници наместо да бидат наградени денес се прогонувани, бил дека не постои законска можност да се смени градежната дозвола бидејќи таа произлегува од Законот, од усвоениот ДУП и од правилникот донесен заедно со него.

Затоа, по формирањето на СЈО, овој снаодлив олигарх брзо нашол заеднички јазик со Катица Јанева, кај која видовме како одат работите, па истата експресно го повлече обвинението на обвинителството во судот кој на чуден начин неколку години го чуваше овој предмет “во фиока”, претпоставувам со многу добра причина која само Фијат ја знае.

Истовремено, плод на таа “родена нова љубов” меѓу Фијат и Катица беше и отворањето на случајот ТНТ, од кој од она што веќе и јавноста го говори, планот е со незаконско судење, да се дојде до огромен милионски износ на незаконско обесштетување кој потоа би се распределил на сите кои помогнале во овој грандиозен криминален проект за незаконско испумпување милиони евра од државниот буџет, за чија реализација потребно е најпрвин неправедно обвинетите во фабрикуваниот случај ТНТ да се прогласат за виновни и осудат.

Нервозен што неправдата наидува на пречки и на отпор, на очигледно несогласување на поединци да бидат дел од едно вакво злосторничко здружување, Фијат Цановски денес даде кратка изјава со многу лаги и навреди во неа: дека се сомневал дека јас сум поткупил поротничка, дека сум му ја срушил зградата, сум бил на чело на мафија, се сум диктирал од Будимпешта и други лаги и невистини кои не за прв пат ги искажува.

И за крај да кажам, да не биде дека не е кажано.
Од она што го имам дознаено олигархот охрабрен од тоа што е дел од власта и веројатно во дослух со истата, на истите темели на Космос повторно гради зграда, а криминалот и дивоградбата е токму во тие темели и подземни гаражи.
Тој веројатно се надева дека додека е на власт ќе изгради и продаде, па потоа ќе се заборави.

Да потсетам дека повлекувањето на претходното обвинение за дивоградба не е ниту застарено, ниту конечно.

А за новата градба, секако државата откако ќе се реформира и ќе добие власт која работи по закон може да отвори нов случај и конечно овој транзициски лик да заврши таму каде одамна требаше да биде.

-фејсбук статус на Никола Груевски.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Во Штип има вработувања и унапредувања единствено за роднините на директорите од СДСМ
Следна објава Јанушев: Би биле несериозни и за една употреба ако кажеме сега дека ќе го промениме Уставот, а после тоа не го направиме
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 567
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 544
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 535
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1195
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 517
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 596
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 322
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 406
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 564
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

697
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1813
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.