• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски: Народот нема да им даде втора шанса, зошто народот препознава кога го лажеш

март 12th, 2020 Македонија, Политика коментари 558

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски: Народот нема да им даде втора шанса, зошто народот препознава кога го лажеш

На синоќешната конвенција на коалицијата за “Обнова на Македонија” Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дел од својот говор зборуваше за лошото владеење на Зоран Заев во изминатите 3 години.

Тој владеењето на СДСМ го оквалификува како криминално, неспособно со што Македонија ја насочија во погрешен правец, наспроти вредностите на кои почива Македонија, Македонската борба за слобода низ генерациите во историјата.

“Две работи се сигурни за власта на Заев: неспособни се и криминални, и затоа Македонија оди во погрешен правец. Запрепастувачка е неспособноста со која се управува државата, неспособност која не турка кон дното, нефункционалност на системот кој крахира, неправди кои болат. Неспособност која фрла во апатија, неспособност во која гледаме како државата ни се одзема од рацете. А, не заборавајте Македонија почива на вредности, почива на пркоста на комитите, на храброста на партизаните и мудроста на асномците. На сите жртви дадени од овој народ за слободата и правдините. “

-Соопшти Христијан Мицкоски, по што продолжи да ги разобличува катастрофалните политики на Зоран Заев и врвот на СДСМ вгнезден во институциите на државата:

“Македонија не смее да остане извалкана од печалбарите во политиката, туку мора да ја изградиме за да остане дом за идните генерации. Од политиката денес за жал граѓаните ја видоа само темната страна, со сите нејзини подлости, недостатоци, жолчност и иритирачка реалност. Но политиката пред се мора да биде доблест, прагма која решава проблеми, гради мостови, и создава иднина. Политика базирана на морален кодекс кој ќе биде примерот по кој мора да се раководи секој еден кој сака да работи за Македонија. И само така ќе одиме вистински напред. А, јас само така ја разбирам својата улога во политиката.

А, кога ќе ги слушнам понудите што ги дава другата страна, како да се враќаме во една временска машина пред 4 години, кога ги ветуваа истите работи, истите фрази, истите сега веќе докажани лаги. Овој пат онаа лага за просечна плата од 500-тини евра се вика 600 евра просечна плата, измислиле некоја нова бројка на километри автопатишта кои ќе ги градат, далеку поголема од претходната при што во реалноста не изградија ниту еден автопат, ќе носеле инвестиции, градби, па дури и во заканите се исти како пред 4 години. Ќе рушеле одново сега споменици, ќе имало правда, ќе имало мир, ќе менувале судии и што уште не. Но морам да кажам, да порачам дека  тие се завршена приказна.

Нашиот народ знае дека еднаш ако го излажеш, нема да чека тоа да се случи втор пат. Народот знае дека по ветените брда и долини на Заев следуваат уште поголеми разочарувања. Криминал, корупција, неспособност, убијци кои што се шетаат на слобода, судии и политичари со куферчиња Луј Витон, непотизам распространет како вирус. Ако Заев е лицето на оваа власт, вистинскиот репрезент на тоа што преставува Заев е Катица Јанева со се она што видовме.

Народот нема да им даде втора шанса, зошто народот препознава кога го лажеш, кога си играш со неговите чувства, кога градиш кариера врз туѓата несреќа. Кога стануваш премиер, а знаеш дека не ти е заслужено со тоа што можеш да направиш, туку со тоа што можеш да продадеш.

Еве денес кажувам и официјално, експериментот Заев заврши како неуспешен и сите сфатија дека може подобро, може и мора многу подобро од ова денеска тешко, мачно, пеколно секојдневие. Експериментот Заев заврши, но Македонија мора да продолжи.

Секој овде, но и тој што не слуша и гледа пред екраните треба да знае дека овие избори се избори за тебе или за Заев. Избори за повеќе за секого или повеќе за Заев. Избори повеќе за Македонија или повеќе за Заев. Иако е важна одлуката, изборот е лесен, полесен од тоа што навидум ви се чини.”

Целиот говор на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ може да го проследите во продолжение:

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Силен обединет фронт во Делчево против режимот на Зоран Заев
Следна објава Гордана Сиљановска: Во изминатите три години добивме републиканска монархија а со неа не се оди во Европа
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 722
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 652
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 675
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1329
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 704
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 374
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

950
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1696
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202118
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.