• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Трки со џипови – возбуда и авантуристички дух

октомври 31st, 2017 Македонија коментари 948

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Трки со џипови, велосипеди, болдеринг (качување по јажиња), освојување на, навидум, неосвоивото, се честите преизвици на новото време. И Македонија се вклучува во авантуризмот, а се чини во последно време, Прилеп сака да биде предизвик за ваквите екстремни, адреналистички спортови.

Октомври е резервиран за една таква авантура, во околината на Прилеп, но и неизбежниот полигон за екстремни спортови кај Старо Лагово, прилепско. Таму, втора година по ред се одржуваат рели-трките и натпреварувањата со џипови. Авантура, која не треба да се пропушти.

Викендот на 21 и 22 октомври беше вистинско уживање да се проследат трките со џипови. По втор пат се одржа меѓународното рели насловено „Македонски трофеј“ (Macedonian trophy).

Се втурнавме во авантурата наречена – рели со џипови, што кај нас и на Балканот, се уште е во зародиш, меѓутоа, привлекува внимание.

Џипови трка

Викенд што гарантира возбудувања и покачување на адреналинот

Прилепскиот клуб „Офф роад Прилеп“ имаше  амбициозна задача – да им приреди на 200 учесници од Балканот (Бугарија, Грција, Србија, Македонија) врвни натпревари, а на публиката – незаборавно доживување.

Место на настанот: Околината на Прилеп и главно – полигонот за екстремни спортови во Старо Лагово. Добивме „упатство за доживување“ од прилепскиот „Офф роад“ клуб и неговиот претседател Панче Чупаркоски.

– Прилеп е домаќин на несекојдневен авантуристички и екстремен спорт – на едиственото „Macedonian trophy“ веќе втора година. Околу 200 џипови, добро опремени со специјална опрема возеа во околината на Прилеп – 30 километри по речиси невозможмни патишта кај селото Селце, месноста Шаторов камен и, пак, до полигонот кај Старо Лагово. А потоа, по специјално подготвена траса – и на полигонот.

Џипови трка

 

Публика не недостасува на вакви натпреварувања. Убави сончеви октомвриски денови за голема возбуда. Се користи моментот да се доживеат несекојдневни натпревари. Чупаркоски од „Офф роад“ клубот објаснува:

– По саботната трка (21 октомври) во околината на Прилеп, неделната на 22 октомври беше концентрирана на полигонот кај Старо Лагово. Прилеп и Македонија се „нови“ во ваквите натпреварувања. За да се натпреварува еден џип потребна е специјална опрема за сите невозможни терени, за извлекување, за насочување на возилата, зајакнати мотори. Има многу превртувања на џиповите, дури може добар дел да се уништи, вели Чупаркоски.

Од сите учесници на вториот „Македонски трофеј“ најбројни се бугарските возачи кои беа 60. Тие, а и македонските учесници, беа задоволни од организацијата и од условите. Станислав Велински од Бугарија и Александар Илоски, од охридскиот „Офф роуд“ клуб имаат само пофалби за домаќините:

– По втор пат сме тука во Прилеп. Од Софија доаѓаме затоа што многу ни се допаѓа организацијата и нивото на натпревари. Овој спорт „влегува во крвта“ иако е скап. За целосно да се опреми џипот за вакви натпреварувања, потребни се најмалку 10.000 евра. Ама е крајно возбудливо, вели Велински од Бугарија.

– Овие натпреварувањето лани ни оставија најдобар впечаток од сите на кои сме биле во државава и надвор од неа. Организацијата е професионална, дојдени сме со шест џипови од кои два ќе учествуваат во тешката, екстремна категорија на натпревари. Вака полека Македонија се препознава како дестинација и на вакви адреналински натпреварувања, вели Илоски од Охрид.

Ги имаше и оние кои првпат учествуваа. Стефан Велимиров со својот совозач Миодраг Несторов дојдоа од Србија, од Зрењанин.

– Прв пат сме во Прилеп. Дојдовме за натпревар, но и за дружење и нови искуства, вели Велимиров.

Џипови трка

Трките со џипови се дел од авантуристичкиот туризам што го нуди Македонија

За среќа, што и одговара на земјава, тоа е тренд во светот, вели Живка Цветкоска Андоновска од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија. Ваквите натпреварувања Агенцијата ги поддржува и ќе ги промовира на саеми.

– Агенцијата ги поддржува на секакв начин екстремните спортови, бидејќи авантуристичкиот туризам е тренд во светот, а тоа и оди во прилог на Македонија бидејќи е оаза која ги нуди сите видови авантуристички туризам, вели таа.

Цветкоска Андоновска истакна дека Агенцијата ги поддржува и им дава можност за развој на сите вакви настани и оти ќе ги промовираат овие активности на сите следни меѓународни саеми, а со соодветна програма со која може да конкурира, и оваа маниофестација може да добие финансиска поддршка.

– Ваквиот начин на туризам е многу подоходовен за Македонија, бидејќи, според истражувањата, 74 насто од сите финансиски трошоци што ги прават туристите кај нас, остануваат кај локалното население што не е случај со масовниот туризам, вели Цветкоска Андоновска која двата дена ги следеше натпреварувањата.

Џипови трка

Возачите на трките концентрирани да ги поминат сите поставени препреки

Трасата на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово е приспособена да ги задоволи европските стандарди за три категории натпревари: најекстремната и најтешка- трофи категорија, потоа е „адвенчар“ и на крајот „туристичката“ најлесна категорија за натпревар.

Трофи – категоријата бара од возачите максимална посветеност на сите водени, високи, вертикални препреки, на „доловите“ и угорнините, на, речиси, невозможните траси.

– Се е во умешноста, тактичкото возење. Идеално би било кога возачите ќе извозат најбрзо, без застој и некој да ги извлекува. Тоа носи казнени поени, објаснува Чупаркоски.

Не беше изненадување кога бугарските возачи, и годинава, се покажаа најуспешни. Победниците во натешката категорија Љубен Динев и неговиот совозач, Димитар Нејков сакаат македонското натпреваруавње да го воведат во балканските.

– Со најголемо задовоство учествуваме на македонското трофи. Веќе нивото на организација е многу високо, а и стандардите се меѓународни. Сето ова го доближува натпреварот до балканско трофи и се ќе направиме да влезе и да се бодува во меѓународните натпреварувања, врели Динев.

Џипови трка

А организаторите, прилепскот „Офф роад“ клуб сакаат рели трките со џипови да станат традиционални, но и да се бодираат на меѓународната сцена.

– Задоволство беше што имаше голем број заинтересирани да ги следат натпреварите, многу подобра организација со високи стандарди во споредба со лани. Правилата и условите за натпреварување беа според европските стандарди. Желба и план е ова да прерасне во традиција и ова трофи да се бодува во некој од меѓународните купови, напоменува Панче Чупаркоски, претседател на прилепскиот клуб.

Поканата за сите вљубеници во адреналинските и екстремни спортови од релито „Macedonian trophy“ во Прилеп, е отворена. Се најавуваат нови возбудувања в година, но и отворање на патот на авантуристичкиот туризам во Македонија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Најстудено во Берово минус шест
Следна објава Апелација ќе решава дали „бомбите“ се доказ за „Тендери
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

610
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1348
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4274
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.