Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци, Виктор Паунов преку социјалните мрежи ја алармира јавноста за “расипничко трошење во време на пандемија и идна економска криза!”.
Според приложените графички прилози и документи Виктор Паунов алармира за драстично повисока сума на договорот кој што Општина Карбинци го има склучено со приватна фирма за авионско прскање против комарци споредбено со истиот овој договоро потпишан минатата 2019 година.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Карбинци:
“Во време на вонредна состојба во државата и светска пандемија, општина Карбинци склучиле договор со фирмата ,,Бониер Дооел” за авионско прскање за заштита од комарци, вреден 672.600,00 денари.
Истата фирма и општина Карбинци се потписници на истиот договор и во 2019 година кога сумата изнесува 120.000,00ден
Ова е расипничко трошење во време на пандемија и идна економска криза!


