Ваквата фотографија на која се забележува како работник чија што фирма работи на реконструкција на патен правец некаде во Македонија како со букети цвеќе во рацете го регулира сообраќајот е навистина инспиративна и наиде на поголем број на коментари на социјалните мрежи.
Во едната рака работникот држи црвено цвеќе а во другата зелени тревки кои би требало да ги имитират светлата на семафор кој овозможува запирање или дозвола за движење на возилата на оваа делница на патот.
Колку и да е милогледна ваквата појава сепак таа говори за состојбата во која се наоѓа македонското градежништво па работниците мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат во недостиг на соодветна опрема.


