Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ согласно својот Статут објави Јавен повик за избор на членови на Претседателството на Унијата на ветерани во партијата.
Оваа значајна внатрепартиска организација во ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период беше без соодветно раководство по смртта на Ѓорги Доцев Банев кој што беше Претседател на Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ од 2013 година па се до неговата смрт во 2019 година.
Со овој конкурс и изборот на членовите на Претседателството на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, оваа внатрепартиска организација ќе биде своевидна хоризонтална структура која треба да даде огромен допринос во идните политички процеси во Македонија.
Јавниот повик е отворен до 15.08.2020 година а на истиот можат да се пријават сите заитересирани членови на ВМРО-ДПМНЕ кои што се подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на идниот развој на Република Македонија.


