После цела година на дефектни одлуки и политики на здравствените власти со кои ја вброија Македонија во редот на земји кои најлошо се справуваат со корона кризата, најодговорниот во сферата на здравството-министерот Филипче продолжува да брои вакцини на хартија кои никаде ги нема во државата реално.
На една негова објава на социјалните мрежи во врска со најавите за повторно воведување на полициски час во државата граѓанин го “украде” “шоуто на филипче” и собра 1200 лајкови за неговиот коменрар на објавата на филипче:
“Оти па досега, еве цела година, од 22 часот до 05 часот сите бевме в дискотека. Да се соземете малку може ли?!
Една разумна одлука да донесевте?! Народот е истоштен и физички, и психички, и финансиски, на работ на разумот е.
Вие, пречекувате спектакуларно кутија со вакцини на аеродром.
Не знам зошто на пример и националната гарда не ја донесовте, со црвен тепих, со труби, со сите почести да беше.”
– стои во коментарот.



