Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Потпретседателот Александар Николоски денеска остварија работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија Рејчел Галовеј.
На средбата врвните луѓе во опозицијата со Галовеј разговарале за актуелните состојби во Македонија, особено за лошите економски политики на власта како и изразеното ниво на корупција.
“Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остваривме средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, г-ѓа Рејчел Галовеј.
Разговаравме за актуелните случувања во Македонија, економската ситуација во државата и лошите економски политики, како и за корупцијата која царува во Македонија и високиот степен на криминал.”
-напиша Николоски во врска со средбата на фејсбук.


