Денеска со учество на членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани беше организирана хумана крводарителска акција во Здравниот дом во Кочани.
“Голема БЛАГОДАРНОСТ на сите крводарители кои денес несебично даруваа капка ЖИВОТ, а особено на оние кои прв пат даруваа КРВ. Денес сме особени среќни што со нашата хуманост и дарување на крв, ќе спасиме нечиј живот. Дарувај крв-спаси ЖИВОТ!”
-соопштија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани


