• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Куманово се крена против бугаризацијата на чело со градоначалникот Максо

јули 14th, 2022 Македонија коментари 732

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Куманово се крена против бугаризацијата на чело со градоначалникот Максо

“Праведни сме и ќе победиме!

Е ова е и мое и твое и наше Куманово, ова се наши Кумановки и Кумановци! Викаат малку ќе сме биле. Колку сме, толку сме, какви сме, такви сме. Кумановци сме, наши сме, праведни сме и ќе победиме! Вели овој пат води од твоето небидие до тебе, пишува тука на овој споменик. Но, тоа е спомнато во многу списи и записи. И таа една кратка реченица кажува многу за сите нас на Балканот, за сите нас Македонци, за сите нас Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати и сите заедници кои живеат во овој наш космополитски град Куманово.

Велат не сме мислеле добро за народот, сме го бунтувале народот – дека биле Администратори, а не фашистистички окупатори. Бевме на референдум, а прашањето беше „Дали сте согласувате за додавка на името и за влез во Европска Унија и НАТО“ и потоа одеднаш оп заборавивме што го прашавме народот, ја сменивме плочата, изјави за БГНЕС, изјави за други медиуми, поделба на политички план, кризи, сиромаштија и нормално енормно богатење на поединци и капиталот го земаа поединци кои сакаат да го конторлираат граѓанинот. Но, тоа почитувани мои сограѓани не поминува! Не поминува кај ниту еден граѓанин на оваа скромна, едноставна, но чесна држава Македонија, а уште помалку во Куманово!

Денеска се соочуваме со реалноста во Парламентот кадешто никој никого не почитува, кадешто Парламентот го спуштија на дното, каде што се на селфи слики се надмудруваат кој поголема глупост ќе каже. Па за тоа ли ве биравме? За тоа ли ви дадовме мандати? Кој ти дава за право да одлучуваш за тоа мојот и вашиот дедо бил, кој ти даде за право да го ставиш јазикот и писмото во Устав? Дали постои држава кадешто за тоа се разговара? Затоа сакам овде отворено пред сите вас од мое и од ваше име да поставам неколку отворени прашања.

Првото прашање, ќе го поставам до госпоѓата којашто дојде денеска од седиштето на Европска Унија да даде неколку совети и препораки во нашиот Парламент. Почитувана госпоѓа Урсула секој човек којшто е добронамерен и доаѓа во нашата држава е добро примен, ние сме докажани домаќини кон секого, особено према тие што доаѓаат од Европската Унија. Е ова е и моја Унија бидејќи ние овде на Балканот не само Македонците, сите на Балканот вклучувајќи ги и Албанците, Србите, Бугарите и останатите народи кои живеат на Балканот се чувствуваме Европејци бидејќи сме родени на Балканот на овие Европски простори.

Но, почитувана никој не Ви Дозволува и не Ви дава право да отворите тема и да разговарате за името и идентитетот и да давате гаранции, бидејќи ние се бориме за вредностите на Европа, но за вредностите на Шуман, за Европа отворена за сите, Европа без уцени, наметнувања, притисоци, Европа без ултиматуми, без предлози.

Ние се бориме за обединета Европа, затоа што сметаме дека токму во таа Европа секој има свое индивидуално право да се произнесе како што се чувствува и го говори својот мајчин јазик којшто го има наследено од своите предци. Затоа, да упатам уште едно прашање до претседателот Макрон којшто за мене е голем европски лидер и целиот почит со него, но со што претседателе Макрон ние овде во Македонија заслуживме ваков третман, ваков едностран предлог?

Дали можеби тоа го заслуживме затоа што во првата светска војна овој народ, овие граѓани дадоа логистика на повеќе од 2 милиони војници, 1915, 16 и 17та. Колку војници продефилираа на нашите простори? Дали за тоа што бевме на страната на победничката коалиција, а до ден денеска вашите бомби стојат расеани по целиот долг на Солунскиот фронт, од Дојран до Охрид, па ден денеска ги наоѓаме и ги оставивте. Дали со тоа што Македонецот и сите народи кои живеат во Македонија застанаа на страната на тогашната ваша коалиција го заслужија овој предлог.

Во Македонија живеат граѓани кои се непокорни, затоа немојте да им чепкате по генот, никој тоа не ви го дозволува! Ние во Европа сме и ние во Европската Унија ќе влеземе со крената глава како Македонци кои говорат Македонски јазик, со сите останати народи кои живеат во Македонија, а примерот за соживотот го испраќа вечерва Куманово одовде и во многу прилики досега тоа е потврдено.

Ковачевски, излези и извади го протоколот пред граѓаните прочитај го, срамно е да добиеш предлог за којшто во преговарачки процес во билатерален проблем има две страни. Едната страна знае се, а другата – нашата страна знае само еден дел, па протоколот бил само записник, а заборавија дека записникот е првиот документ којшто се усвојува на првата следна седница и е составен дел од главниот документ.

Па, дали и во тој протокол којшто пред неколку дена беше објавен на бугарските медиуми, а вие до овој момент од власта никој почнувајќи од тебе Ковачевски, завршувајќи до Османи не го негиравте. Има ли некои обврски во тој протокол кој кадешто има обврска за другата, за страната на Бугарија? Или само тоа ние кога нашите деца ќе одат во септември во училиште претходно ќе ги испраќале на реевидирање коишто тие ги учат? Па постепено ќе дојдеме до ниво, на тоа нивното дека ние наводно сме потекнувале од бугарски народ! Абре Димче па не ли ти е јасно дека од Македонец Бугарин не бива! Овој другар ми претходно ги правеше администратори и наводно сме говореле исти јазици. Ајде го разбирам таму од Струмица е, ја утнал скроз, ама ти Димче Кумановец си, со нас израсна тука. 4 пати те барав да ти се јавам да ти објаснам некои работи пред да излезам јавно да ти кажам што дозволуваш со ова.

И ние ја сакаме Европа, и ние сме за Европа, и нашиот стратешки партнер се САД и целиот демократски свет, но ние имаме чест, образ, достоинство, тоа е што му останало на овој народ!

Ви благодарам на сите што вечерва излеговте, денеска не има толку, но утре ќе не има двојно повеќе, и на крајот ќе се соочат со народот. А, зошто? Затоа што ги носиме овие тука, 6 народни херои на Југославија, од НОБ, а овој град почитувани пратеници избрани од нашите гласови во овој град во Втората светска војна на 6 април првите жртви при нападот на фашистите беа од цела екс Југославија во Куманово, 13 души, Куманово беше прво бомбардирано, бомбите паднаа 200 метри тука подоле. Ова го кажуваат старите луѓе и го знаат, потврдено е со документи.

Овој слободарски град, ова црвено Куманово даде 828 жртви во Втората светска војна, над 600 Македонци, 100 Срби, над 60 Албанци, над 30 Турци, над 20 Роми, и сите останати кои живееа во овој град. Вие администратори срам да ви е? Ќе сте дошле во Куманово да ги бришете спомен плочите од Бугарскиот фашистички окупатор. Па, како бе можеш да ја бришеш сопствената историја и крвта на нашите предци којашто е таму. Повелете дојдете во Куманово, ние ќе дојдеме да ве чекаме кога ќе дојдете да ги бришете.

Историјата нема право никој да ја брише, од историјата се учи, се носат заклучоци и се креира врз база на тоа подобра иднина. Ќе учиме од минатото, да ја креираме заедно иднината врз база на взаемно почитување. Јас ги почитувам сите граѓани на Република Бугарија. Цело Куманово ги почитува сите граѓани на Република Бугарија, но ние сме против агресорски и наметнувачки политики коишто доаѓаат од официјална Софија бидејќи недозволиво е еден министер во Влада, европратеник, премиер, заменици премиери, член на президиумот, претседател да ни го негираат јазикот и нацијата и за себе да зборуваат дека тие се Европејци. А, по што тоа ние сме различни?

Од тука тргнало се, од нашиот Охрид, и од тука се раширило се, и тие сме ние Македонки и Македонци достоинствени до крај, ја испраќаме порака на победничко Куманово.”

-фејсбукк статус на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Продолжуваат активностите на ЈП "Стипион" Штип во насока за исполнување на предвидените планови
Следна објава Ивана Трамп- поранешната сопруга на Доналд Трамп почина од срцев удар на 73 годишна возраст
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

980
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1595
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4274
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.