• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Лоцирана е планинарската патека Делчево-Голак на терен и трасата е магична

јуни 25th, 2018 Регион коментари 1379

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Лоцирана е планинарската патека Делчево-Голак на терен и трасата е магична

Во недела 24.06.2018 година работен тим за имплементација на проектот “Воспоставување и уредување на планинарска патека Делчево-Туристички локалитет Голак во функција на ЛЕР на Општина Делчево” на терен по падините на планината Голак ја лоцираше тресата на планинарската патека предвидена за уредување во рамки на овој проект.

Во текот на активноста која траеше повеќе часови од страна на Менаџерот на проектот Димитар Димитровски и од страна на ангажираниот експерт во рамки на проектот Љупчо Чучуковски беше помината целата траса, која беше првично прочистена од вегетација и постојни препреки. Поголемиот дел од должината на трасата се протега по поранешен шумски пат, кој поодамна не се користи за оваа намена е сепак е совршено решение за реализација на една ваква планинарска патека.

Беше исто така извршен првичен увид на локациите каде ќе бидат поставени местата за одмор и панорамско разгледување, за што се предвидени три вакви локации со поставување на клупи и маси. Покрај местата за одмор ќе бидат поставени Панорамски табли кои ќе содржат информации за патеката, но исто така и информации за богатиот биодиверзитет на планината голак, заедно со корисни информации за туристи и планинари рекреативци.

Почетокот и крајот на патеката ќе бидат означени со информативни табли согласно правилникот за маркација на планинарски патеки во Република Македонија. Исто така е направена првична анализа на расположивите локации за поставување на патокази, патокази со столбови, знаци за предупредување и локации за маркациско бележење со боја согласно Књефељцовата кружна метода.

Од аспект на биодиверзитет на планината Голак, долж патеката се протегаат плодоносни подрачја на разно-разни корисни шумски билки и плодови кои виреат во овој дел од падините на Голак во различни временски периоди од годината. Така што патеката ќе биде совршено место за остварување на природно-научни тури и прошетки за заинтересирани посетители и ученици што е во согласност со главната цел на проектот а тоа е “Да се збогати на туристичката понуда на планината Голак;” и една од специфичните цели “Да се едуцира и подигне јавната свест кај таргет популацијата за заштита на животната средина”.

По интензивна канцелариска работа за анализа и систематизирањето на резултатите од оваа денешна активност, ќе се премине на физичко бележење и поставување на предвидената опрема на патеката.

Во рамки на активностите исто така е предвидено да се реализираат две работилници на кои ќе бидат презентирани дел од резултатите на денешната активност меѓу другото.

Во продолжение низ галерија од фотографии Ви пренесуваме повеќе детали од оваа реализирана активност:

[Best_Wordpress_Gallery id=”27″ gal_title=”Планинарска патека Делчево-Голак 01: 24.06.2018″]

ЗА ПРОЕКТОТ:

Проектот

Воспоставување и уредување на планинарска патека Делчево-Туристички локалитет Голак во функција на ЛЕР на Општина Делчево

се реализира преку програма за мали регрантирани грантови како дел од проектот

Здружени сили за заеднички интереси

кој што е Проект  финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Приоритетната област на реализација на проектот е Туризам и спорт а локација на активноста е планината Голак.

Општа цел на проектот е 

  • Да се збогати на туристичката понуда на планината Голак;

Специфични цели на проектот се:

  • Да се воспостави, уреди и означи планинарска патека на релација Делчево-Голак врз основа на волонтеризам со активно учество на припадници на етничките заедници во општината;
  • Да се подобри препознатливоста/ имиџот и промоција на планината Голак со сите нејзини потенцијали во функција на ЛЕР;
  • Да се едуцира и подигне јавната свест кај таргет популацијата за заштита на животната средина.

Целна група на проектот се

  • Планинарски друштва и планинари поединци од општина Делчево (три регистрирани планинарски друштва со околу 80 членови);
  • Планинарски друштва и поединци од регионот и пошироко.

а очекуваните резултати на проектот се

  • Уредена и обележана планинарска патека по сите стандарди за користење на истата од страна на професионални планинари и рекреативци и останати спортисти;
  • Зголемено ниво на информации во јавноста и на интернет за планината Голак како туристички центар;
  • Реализирани едукативни работилници и мерки за подигање на јавната свест кај локалното население за заштита на животната средина.

Времетраењето на имплементацијата на проектот е 5 месеци.

Со уредувањето на оваа планинарска патека планината Голак ќе добие уште една знаменита содржина која ќе биде во функција на развојот на туризмот на планината Голак и воопшто самата општина.

Потенцијалите кои ги нуди оваа планина за формирање на туристички производи се огромно, но непланското и безидејно работење на сите досегашни чинители во оваа дејност на Голак оневозможиле уназадување на планинските капацитети и можности на овој план.

МОТИВ ОД ГОЛАК ПОД БУЈНАТА ШУМСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО ПРОЛЕТ

ЕДНА ОД ШУМСКИТЕ ВИЛИ НА ГОЛАК КОИ СТОЈАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ СО НЕРЕГУЛИРАН СТАТУС ЗА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА ЗА ТУРИСТИ 

ПОГЛЕД КОН РУИНИРАНОТО ДЕТСКО ОДМАРАЛИШТЕ И АНТЕНСКИТЕ БЛОКОВИ ВО ТУРИСТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ Е ПРЕДВИДЕНО ДА СЕ ГРАДИ СКИ СТАЗА СПОРЕД ПОСТОЈНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ЕДНО ОД ЛОВИШТАТА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК

ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД НА ДЕЛЧЕВО ОД ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ВРВОТ ЧАВКА 1536 MnV

и Црквата Св. Пантелејмон со неколку летниковци кои беа поставени од страна на граѓанска организација во минатото а денес не постојат.

ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБОР НА 7-МИ И 8-МИ АВГУСТ ПО ПОВОД СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН КОЈ СЕ ОДРЖУВА СЕКОЈА ГОДИНА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК СО ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

 

Извор: Дестинација Делчево

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Најинтересните места во светот до кои луѓето немаат пристап
Следна објава Александар Пандов со свој став укажува на можното решение како референдумот да не успее
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 434
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 641
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 603
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 695
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 636
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 491
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1492
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 429
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 650
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

832
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1931
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.