• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Александар Русјаков – Кога силувачот ти вели дека силувањето е ѕверски чин

декември 3rd, 2018 Македонија коментари 799

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

“ Бернардо Бертолучи, Мите Грозданов, Горан Стефановски…

Тројцата заминаа оваа недела во вечноста. Бог да ги прости! Ми се враќаат случките од животот, штиците што живот значат.

Се навраќам на дваесеттиот век, последното танго во Париз, чајот испиен во Сахара. Дали мојот живот е лет во место, диво месо, или дупло дно? Сето тоа, сето нивно, низ времето станало и мое. Се вмрежило низ мене. Можеби дури ме направило и подобар човек. Ви благодарам!

Борис Дамовски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски, Јане Ченто и другите уставобранители. Оваа недела мина една година од нивното апсење, со што започна полициско-политичкиот монтиран процес на октроираната хунта против оние што застанаа во одбрана на Уставот и суверенитетот на Република Македонија.

Преку овој монструозен фашистички судски процес го доживуваме она што го знаевме од учебниците по историја или сме го гледале на филм. Сакате инквизициски лов на вештерки, сакате убиството на Лорка од страна на фашистите, сакате јужноамериканска хунта инсталирана од ЦИА, која затвора, мачи и убива уметници, праведници и неистомисленици. Тоа го живееме ние како сведоци, таа тортура ја преживуваат уставобранителите. Тие што преку злосторничко здружување го урнаа уставниот поредок, избирајќи собраниски спикер без мнозинство гласови, со поддршка на варварите од „длабоката држава“, ЕУ и НАТО, ги затворија оние што ги бранеа законот и Уставот.

Злосторникот секогаш сака да го убие праведникот за да ги скрие своите злосторства. Ама нивново нема ниту да се скрие, ниту да се покрие. Изопачената моќ денес е тука, утре ќе си оди, но домашните злосторници ќе ги паметиме и нивното зло ќе го пренесуваме за да знаат идните генерации. Особено оние злорадосните, кои ликуваа на незаконското затворање на уметниците, мислејќи дека можат да влезат во нивните чевли. А тоа, ги знаете сите, беа нивни колеги, интелектуалната бижутерија, лажната авангарда, потомците на црвената буржоазија, кои кренаа шарена деволуција. Истите тие што го распнуваа пред две години Горан Стефановски, а сега се лигават над неговата смрт.

„Бојкотирам уставни промени“, „Македонија блокира“, поединци интелектуалци, професори и уметници. Оние што го креваат гласот против октроираната хунта на изопачената моќ. Се приклучува и ВМРО-ДПМНЕ. Излегоа на улица и најавија дека ќе продолжат така. За мене, сега за сега, тоа е доволно. „Бојкотирам уставни промени“ најавија блокади по градот. И тоа е добро. Исто така започнаа кампања за бојкотирање северноцрпнати кафеани, барови, продавници, дуќани. „Не купувај од оној што те продава“, тоа им е мотото. Ми се допаѓа. Јас бојкотов спрема северноцрпнатите би го пренел и на лично ниво.

Интимен апартхејд. За мене немаат име тие што сакаат да ме обезименат. Не ги признавам за личности оние што сакаат да ме обезличат. Со гласањето на социјалдемократите и „зелените“ во Европскиот парламент за екстрадиција на Груевски во Македонија, глупаво ми е да полемизирам. Објаснувањето дека „Унгарија се мешала во внатрешните работи на Македонија“ звучи крајно перверзно. Како силувач да ни објаснува колку силувањето е ѕверски чин. Исто како муабетот на Хан за европскиот кредибилитет. Проблемот на социјалдемократите, кај нас и во светот е тоа што си мислат дека сите сме на интелектуално ниво како нивните грант-активисти, па што и да истресат очекуваат да помине. Туку ова ми отвора една друга тема. Социјалдемокративе одамна веќе немаат допирна точка со социјалдемократијата. Многупати сум ви го пишал ова. Тие се глобалисти, господари на изопачената моќ, која сака светот да го направи свое сопствено село. А во тоа село само тие избрани да имаат власт, пари, медиуми. Само тие се умни и убави, па затоа се елита што е предодредена да владее. Ја вратија „демократијата“ на античка Атина, каде што само една група на богати мажи и робовладетели имаше право на глас. Слободата на говор ја сведоа на максимата „имаш право на мое мислење“.

Сè друго за нив е говор на омраза што треба да се изолира, затвори, уништи. Ти се пикаат во интимноста, сакајќи воздишките да ти ги направат политички коректни, по нивни терк. Ако се спротивставиш, запаѓаат во хистерична деструкција, па врескаат дека си фашист. Затоа што елитистичкиот фашизам што го носат во себе, им излегува од секоја пора на инструираната просечност. Оттука и нивната неконтролирана омраза кон суверенистите. Да, да, светот е сега во војна меѓу глобалисти и суверенисти. Ние тука, во Македонија, јасно може да го согледаме тоа. Насекаде е околу нас. Проблем е само што ние немаме политичари суверенисти. Сите се пет прста отворени за „длабоката држава“, за ЕУ и НАТО, односно кон изопачениот глобализам. Освен поединци, кои умеат да забележат и проценат каква е светската политичка игра. Веројатно, повторно ќе останеме со прстот во уста поради недостиг од анализа, визионерство и лидерство. Оти кај нас, конформизмот, самодоволноста, себичноста и материјализмот станаа главни карактеристики на нашево битисување.

„Не можеме да не го обрнеме вниманието на вознемирувачкиот развој на настаните од другата страна на Медитеранот, на Балканот. Државите од регионот, без да се води сметка за волјата на нивните народи, упорно ги влечат во НАТО. Референдумот како инструмент за директно изразување на волјата на народот не ужива особена популарност. Истовремено, јавното мислење во тие земји е под агресивен притисок. Учеството на голем број западни лидери, шефови на држави, министри, на генералниот секретар на НАТО, високиот претставник на ЕУ, во агитацијата во Македонија за време на референдумот во земјата, навистина импресионира. И ниту еден збор не е кажан во случајот за директното мешање во внатрешните работи на таа држава“, изјави Сергеј Лавров на IV меѓународна конференција „Медитеранот: римски дијалог“. По оваа изјава, „длабоката држава“, ЕУ и НАТО за миг ќе престанат со сексот, хистерично ќе заврескаат како тоа Русија ни се меша во внатрешни работи, па ќе продолжат со силувањето на Македонија.”

Александар Русјаков

За Нова Македонија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Никола Мицевски од собраниската говорница: На Балканот ќе се роди нова држава
Следна објава Горазд Росоклија – Македонските функционери
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 713
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1323
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 460
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 670
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

723
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1651
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201920
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.