Жители на село Тркање во Кочанско го кренаа својот глас против катастрофално лошите услови во кои живеат секојдневно. Револтот против властите е неизмерен а се наталожил низ годините како резултат на негрижата на локакната власт кон потребите на жителите на ова село.
Жител од селото објаснува како мораат да живеат со нефункционална канализација од која фекалиите кои се собираат во канализационите цевки извираат од шахта пред нивните домови и течат непречено по улицата по која тие секојдневно се движат а нивните деца секојдневно си играат.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет од Кочани Миле Лефков реагираше во јавноста во врска со ваквиот проблем и кажа дека за истиот граѓаните нема да слушнат во скапите спотови на СДСМ со кои што сакаат да ги изманипулираат граѓаните за повторно да гласаат за Зоран Заев и нивните кандидати.