Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа присуствуваше на настан за одбележување на 11 годишнината од постоењето на Партијата на Обединето Демократи- ПОДЕМ.
Тој во рамки на својот поздравен говор пред присутните ја истакна добрата соработка која ја има ВМРО-ДПМНЕ со ПОДЕМ во рамки на Коалицијата За подобра Македонија и им го честиташе овој годишен јубилеј на сите членови на партијата на Живко Јанкуловски.
Во својот говор Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на катастрофалните политики на актуелната власт со СДСМ, на чело со Зоран Заев, како и определбата оваа погубна политика да биде победена силно и убедливо на наредните Парламентарни избори.
Во продолжение пренесуваме видео од обраќањето на Христијан Мицкоски пред присутните на настанот:


