Во синоќешното свое гостување во централниот дневник на ТВ СИТЕЛ Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за повеќе актуелни прашања како и за претстојните Локални избори.
Мицкоски ја истакна целта на опозицискиот блок на партии обединети околу најсилната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која што е да ја поразат неспособната власт на СДСМ и ДУИ. Мицкоски притоа го повика раководството на Левица да се придружат на овој опозициски блок доколку имаат за цел исто така да ги симнат СДСМ и ДУИ од власт.
“Нашата цел е да ја поразиме неспособната власт на СДСМ и ДУИ, и ако ја делиме истата цел, ги повикувам раководството на Левица да ни се придружат, секој посебно во изборот на советници, но сите заедно да ги поддржиме опозициските градоначалници, и да ги поразиме СДСМ/ДУИ”
-соопшти Христијан Мицкоски во своето гостување на ТВ СИТЕЛ


