Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Виница во јавност обелоденуваат информации за вршење на притисок во гласачи кои би требало да гласаат за кандидатите за СДСМ на претстојните локални избори.
“Не случајно градоначалникот на Виница од наредниот месец, Миле Петков во петокот апелираше ![]()
“Да им дадеме шанса на граѓаните во фер и демократска атмосфера, без било какви притисоци, уцени и закани по нивните работни места и социјална сигурност да го искористат своето демократско право на избор.”
Иако овие 4 години е изложен на невиден притисок, прерасопреден на работа во Берово да извршува работни задачи кои може(и ги) извршуваше од Виница, поведувани му се неосновани дисциплински постапки итн.
Го издржа сетоа тоа и на 17 октомври ќе ги победи/ме заедно со СИТЕ граѓани на Виница!
Од понеделник започнува изборната кампања затоа ПОВИКУВАМЕ на РАЗУМНОСТ до градоначалникот во заминување и (нај)тесното раководство на СДСМ Виница, престанете со притисоците и заканите!
Притисоците и заканите до политичките неистомисленици на кои им се заканувате со откази и дисциплински, до нововработените и ‘нивни’ членови и симпатизери(види фото), но и до сите граѓани и стопанственици!”
-напишаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница на социјалните мрежи.


