Јавното претпријатие „Исар“, зема обврска да ги собира и третира бездомните животни во општината, откако претходно ќе изгради стационар кај местото викано Новакова чешма. За изградба на стационарот, на „Исар“ му се потребни околу седум милиони денари. Обврската, комплетно останува во рацете на јавното претпријатие.
На ова, „Исар“се одлучил, откако пропаднаа неколкуте обиди преку тендерска постапка, кучињата скитници да се третираат или згрижат од страна на ветеринарните станици.
Со оваа одлука, Штип ќе биде прв град во Регионот, кој се решил самостојно да стави крај на проблем, кој е се поприсутен во сите населби во градот.