На социјалните мрежи може да се забележи како граѓани албанци од Тетово и тетовско споделуваат фотографија од електричен продолжен кабел- сличен како тој што беше обвинет за пожарот во тетовската болница во која живи изгореа 14 граѓани.
На фотографијата со електричниот кабел се гледа како тој е уклучен на нула, т.е. исклучен со што во себе содржи своевидна порака на албанските граѓани.
Дел од албанците коментираат дека ваквата симболика на исклучен кабел значи дека некој ќе го “добие стапот”.
Трите штекери на кабелот не се уклучени што симболично одговара на тројката на гласачкото ливче пред името на ДУИ.
Падот на Теута Арифи во Тетово би значело крај на коалицијата Ахмети-Заев многу брзо од денес и сето тоа поради кабелот на Филипче.
Целокупниот државен врв и надлежни власти предводени од Зоран Заев неодамна се согласија дека нема политичка и било каква друга одговорност кај најодговорните во секторот здравство а тоа е пред се Министерот а здравство Венко Филипче.
Дали на овој начин албанските граѓани во Тетово сакаат да му упатат порака на Филипче и Заев, останува да видиме до крајот на денешниот ден.
Во Тетово на избори денеска повторно се трка Теута Арифи од ДУИ во време на чиј мандат се случи најголемата катастрофа во која животот го загубија пациентите кои наместо здравје добија ужасна смрт во тетовската болница.