Кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Павлов продолжува да ја промовира својата програма за наредните четири години во оваа општина.
Како што велат виничани, тој има голема доверба кај граѓаните и очекуваат голема победа на Павлов уште во првиот круг.Тој беше во селата Пеклани и Лаки, каде ја промовираше својата програма, но и ги слушна проблемите и потребите на граѓаните.Покрај средбата со граѓаните од овие две села, Павлов беше и во посета на Градскиот пазар во Виница, каде имаше средби со продавачите, каде ги слушна нивните барања и потреби за наредниот период. Покрај средбите со продавачите, тој имаше средби и со граѓаните со кои беа таму во тие моменти.Во агендата на активности на Мартин Павлов, беше и посетата на отварањето на новиот штаб на УМС Виница. Младите од Виница порачаа дека се позади Павлов, бидејќи сметаат дека тој е единствениот човек кој може да ја носи Виница напред. Тие порачаа и дека очекуваат голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.
Извор: Курир