“Денес конечно, по 17 години чекање ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство.
Искрено се радувам, заедно со граѓаните на ова денешно добредојде од Европската Унија. Ова ќе биде одличен ден, историски, ден на кој ќе се гордееме и кој ќе нѝ обезбеди сигурна, безбедна и европска иднина.”
-соопшти премиерот Димитар Ковачевски денеска од Брисел.