Политичката партија ЛЕВИЦА Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот! Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија!
Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.
Ги повикуваме сите прогресивни сили да ни се приклучат кон движењето, сè до конечната победа.
Кога неправдата станува закон, Отпорот е наша должност!
-пишуваат од Левица.