Во организација на ОМО “Илинден Пирин” а со учество на голем број поединци и повеќе организации и политички партии кои што бугарската власт одбива да ги регистрира како форма на демократско организирање, во Пиринска Македонија на повеќе локации во Кресна се одбележа годишнината од кревањето на Кресненското Македонско Востание во 1878 година против Османлиската власт.
10:00 во градот Кресна, пред споменикот на Димитар Поп-Георгиев Беровски, говор одржа Стојко Стојков.
Се оддаде почит со полагање венци, свежо цвеќе, паѓање на колена и едноминутно молчење.
11:00 во село Стара Кресна, пред споменикот на востанието говори одржаа Кирил Тилев од ОМО Илинден, како и Даринка Тапанска од ОМО Илинден – Пирин.
12:00 во село Оштава се одржа панихида за загинатите во ова македонско востание.
Чествувањето и свеченоста продолжи со македонски песни и другарување помеѓу сите македонски организации заедно.
Извор: ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН