На социјалните мрежи од страна на граѓаните се одвива вистинска зборовна војна наспроти прес конференциите на актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски.
На видеото објавено на социјалните мрежи од неговата неодамнешна (затворена за непожелни медиуми) прес конференција во која Горан Трајковски ја обвинува опозицијата за редица состојби иако е тој 4 години градоначалник со апсолутна власт преку поддршката во делчевскиот совет од страна на СДСМ, граѓани преку свои коментари му го кажаа нивното мислење за она што тој го зборува во видеото. Социјалните мрежи се претворија во вистинско бојно поле со зборови во кои се критикуваат неговите политики и нереализирани ветувања од страна на граѓани незадоволни од неговата работа.
Дополнително вакви коментари кои не му одат во прилог на актуелниот градоначалник се бришаат од страна на менаџерите на неговата фејсбук страна или лично од негова страна со цел да се избегне негативната перцепција во јавноста за неговата неуспешна работа како градоначалник кој треба да работи во интерес на сите граѓани. Ваквата појава е само камче во мозаикот за демократскиот капацитет на актуелниот градоначалник на Делчево.
Горан Трајковски отиде и чекор понатаму со тоа што преку свој коментар јавно обвини граѓанка за неговиот неуспех да испорача изграден и функционален градски пазар како што вети пред граѓаните во 2017 година.
Во тековната кампања Горан Трајковски повторно го ветува истиот пазар кој што го ветуваше во 2017 година со кој по втор пат ја бара довербата на граѓаните.