• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Набавка за услуги од PR агенција во вредност од 100,000 Евра е предмет на сомнеж за прекршување на законот од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

октомври 5th, 2019 Македонија, Политика коментари 689

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Набавка за услуги од PR агенција во вредност од 100,000 Евра е предмет на сомнеж за прекршување на  законот од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Стефан Андоновски на прес конференција од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје денеска продолжи со лиферување на информации поврзани со сомнежите за злоупотреба на пари од европските фондови од страна на раководните структури од СДСМ во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

По се изгледа на СДСМ им се малку парите на граѓаните кои си ги делат преку тендери, концесии, лиценци и грантови, па мора да посегнат и по парите кои пристигнуваат од Европските фондови во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Вчера го отворивме скандалот со злоупотребата на средства на агенцијата и сомнителното фаворизирање на исти невладини организации за кои нема објаснување од страна на Националната агенција, а денеска ќе посочиме на кој начин истата таа агенција, предводена од директорката Лидија Димова, распишувала и доделувала тендери вредни стотина илјади евра. Граѓаните на Република Македонија, но и нашите европските партнери заслужуваат одговори за трошењето на нивните пари, изјави на прес конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Примарната дејност на Националната агенција е да распределува средства за образовни институции и невладини организации, но сепак таа решава дека треба да потроши 6 милиони денари на себепромоција. На 04.10.2018 на сајтот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и нивната Фејсбук страница, беше објавен повик за набавка за услуги од PR агенција во вредност од 100,000 Евра. Набавката беше реализирана исклучително сомнително, со заобиколување на системот и Законот за јавни набавки, затоа што Законот за јавни набавки во член 99 и 198 дозволуваат набавка која што ќе оди по скратена постапка во случај на итност односно немање доволно време да се спроведат бараните процедури. Токму со овој изговор Националната агенција го правда начинот на кој е склучен договорот со PR агенцијата, односно се правда фактот што објавата за набавката е само на сајтот.“

-Целата скандалозна процедура започнува со набавка за услуги од PR агенција преку веб системот за јавни набавки и тоа за 50,000 евра. Истата пропаѓа затоа што добитникот наводно не доставил банкарска гаранција. Тоа значи дека компанијата ги исполнува сите услови но не доставува гаранција и повикот е поништен. Само еден месец подоцна Агенцијата го објавува целосно истиот тендер но овој пат не се пријавува никој. Овде веќе е очигледно дека оваа објава е за да се испочитува законот само про-форма. Оваа објава пропаѓа затоа што никој не се пријавил. Потоа агенцијата објавува набавка за истата работа, но овој пат само на нивниот сајт! Покрај тоа што не е објавена набавката преку системот за јавни набавки, интересно е што износот е дуплиран односно сега вредноста е 100,000 евра. Се поставува прашањето, доколку клучниот елемент на набавката е дупло зголемен и доколку активностите односно бараните услуги се променети дали во овој случај не се работи практично за нова набавка?, прашува Андоновски кој подвлекува:

„Дополнително, фрапантно е што во овој оглас не се бара банкарска гаранција како претходно иако средствата се двојно повисоки. Исто така огласот се објавува на веб страницата на Националната агенција со рок од 5 дена од кои 3 дена се петок, сабота и недела! Замислете некој треба да аплицира од четврток до вторник.“

Андоновски упати и серија прашања на оваа тема:

Зошто Националната агенција за европски образовни програми ги менува сумите од 50 на 100.000 ЕВРА, а не отпочнува нова постапка преку системот за јавни набавки?

Зошто во огласот објавен само на страната на Националната агенција  не се бара ниту банкарска гаранција, кога за помала сума се барало ваков тип на осигурување?

Кои лица се вклучени во изборот на оваа компанија и дали критериумите за оценување на пристигнатите апликации на огласот објавен на Националната агенција се во согласност со Законот за Јавни набавки на Р. Македонија?

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја става во ризик целосната Европска перспектива на Република Македонија со вакви сомнителни набавки каде се директно инволвирани пари на Европската Унија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и остава да пропадне непроценливото културно наследство на Република Македонија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Следна објава Неколку прашања до Директорката на Центарот за социјална работа во Берово
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 728
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 659
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 685
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1337
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 615
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 711
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 378
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 469
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 692
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2808
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

2170
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
Обединување зад заедничките интереси во Македонија на рамноправни граѓани каде ќе се вредува капицитетот на индивидуата
Колумна

Обединување зад заедничките интереси во Македонија на рамноправни граѓани каде ќе се вредува капицитетот на индивидуата

Апр 7th, 202221
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201920
Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот
Европа

Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот

Апр 4th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.