Од општинскиот комите на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани го прозваа раководството на КЈП “Водовод“ од Кочани дека работи на штета на граѓаните преку наплата на заостанатиот долг преку ангажирање на адвокат за кој трошоците се поголеми кои паѓаат на грбот на граѓаните.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Гоце МАрков-Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани:
Почитувани медиуми, почитувани сограѓани
Се повеќе наши сограѓани се жалат дека КЈП “Водовод“ им доставува:
-РЕШЕНИЈА ЗА НОТАРСКИ ПЛАТЕН НАЛОГ за заостанат долг и тоа со АДВОКАТСКИ ПЕЧАТ во кои РЕШЕНИЈА има пресметано адвокатски трошоци кои се неколку пати повисоки од нотарските трошоци!
Во ова решение се гледа дека нотарските трошоци се 1066,00 ден а адвокатските трошоци 2730,00 ден!
Нотарските трошоци за комунални услуги беа намалени, намалувањето на нотарските трошоци за решенијата за платен налог се со цел да не се оштетуваат прекумерно нашите сограѓани против кои се пуштаат платни налози за долг по основ комунални услуги!
Комуналните услуги треба да се плаќаат навремено, но и КЈП треба навремено да води сметка за оние кои не плаќаат!
Дали КЈП Водовод намерно дозволува да се трупаат долгови и за истите подоцна се испраќаат Решенија со адвокатски трошоци со што прекумерно се оштетуваат нашите сограѓани!
НА овој начин, а како што гледаме и во ова РЕШЕНИЕ- наместо трошоците за долгот да се 1066,00 ден тие изнесуваат четирикратно повеќе или поточно 4040,00 ден.
Вака КЈП “Водовод“ прибира пари од најранливата категорија граѓани-оние кои секој месец имаат мака да си ги платат режиските трошоци!
КЈП “Водовод“ има одговорност спрема граѓаните, ако наплатата може да се изврши со неколку решенија за платни налози, без ваквите трошоци тогаш тоа и ИМААТ одговорност да го сторат!
Вршете ја вашата работа ама бараме, барем малку да имате чувство и повикуваме во овие тешки времиња да ги поштедите ги нашите сограѓани од овој дополнителен трошок!
Со почит,
Гоце Марков
Центар за комуникации
при ОК ВМРО ДПМНЕ Кочани
Упативме прашања до менаџментот на КЈП “Водовод” Кочани по што од таму ни го доставија сл. одговор:
КЈП Водовод Кочани е единствено јавно претпријатие во опшината кое услугата спрема корисниците ја дава на највисоко можно ниво и постојано се грижи за унапредување и подобрување на своите услуги со цел задоволни корисници, чиста средина и квалитетна вода за пиење. Ова подразбира и ефикасна наплата на своите побарувања од правните и физичките лица со единствена цел ефикасно, ефективно и долготрајно функционирање на самото претпријатие.
КЈП Водовод Кочани почитувајки ги законските прописи и водејки грижа за своите корисници пред поведување на постапка за наплата на побарувањето преку надлежни органи секогаш преку опомени пред тужба повекекратно бара начин за наплата на побарувањето од сите корисници, а воедно дополнително нуди и склучување на договор за регулирање на наплатата на побарувањето за плакање на рати без дополнителни непотребни трошоци. Исто така сакаме да напоменеме дека и во самите фактури (сметки за вода) стои опомена за висината на долгот на корисникот кој го има спрема КЈП Водовод Кочани.
Имајки во предвид дека се грижиме за нашите корисници, КЈП Водовод Кочани изготвува предлози против должници на квартални периоди согласно висината на побарувањето се со цел корисниците да не бидат оптоварени со дополнителни трошоци за адвокат.
Поведувањето на предлозите кај надлежен нотар и агажирање на адвокатски услуги е ништо друго освен почитување на законските одредби за заштита на своите побарувања и во ниту еден случај ваквите дејствија не значат дека дополнителните трошоци на граганите се во корист на КЈП Водовод Кочани или претставуваат дополнителен приход за претпријатието.
Во законот за нотаријат од 2016 година и измените и дополнувањата на овој закон од 2018 година јасно е утврден начинот за поднесување на предлози за издавање на решение за нотарски платен налог. Согласно измените од 2018 година корисниците се ослободени од плакање на судка такса, нотарските трошоци се намалени, а адвокатските трошоци се утвдени согласно вредноста на главното побарување по адвокатска тарифа донесена од адвокатската комора.
КЈП Водовод Кочани со своето домакинско работење за само една година и осум месеци успеа да набави три нови возила (ровокопач, камион метларка, камион за собирење на смет од канти и контејнери), успеа да го намали долгот на претпријатието за 24%, воведе нов начин на читење на водомери со мобилни телефони и слика како доказ, во ниеден момент не направи рестрикција на водата за пиење, ги намали на трошоците, хигиената е видно подигната во градот, опфатот или површината за метење е неколкукратно зголемен, воведе центар за односи со корисници, секојдневно и навремено ги санира настанатите дефекти на водоводната мрежа, секојдневно ги одржува зелените површини, формира нови зелени површини и засади неколку стотици нови садници, перманентно се поставува нова комунална опрема и многу други работи кои се од интерес на граганите на општина Кочани.
За крај сакаме да истакнеме дека наводите во вчерашниот прес на одредена политичка партија се паушални и неосновани и се обид за ширење популизам и собирање на одредени политички поени на сметка на граганите.
Со ова известување уште еднаш ги повикуваме корисниците на нашите услуги да ги почитуваат своите обврски спрема КЈП Водовод Кочани, постапуваат по евентуалните опомени пред тужба, да ги почитуваат обврските за плакање на рати, а доколку немаат склучено договор ги повикуваме да пристапат до нас и да склучат договор за плакање на рати.
Редовните сервисирања на обврските на граганите значи навремено, целосно и квалитетно извршување на услугите за кои сме основани, а кои се во интерес на граганите.
Со почит.