Вработените во KЈП “Водовод” Кочани деновиве започнаа поголема акција за ревитализација на повеќе јавни простори во Кочани. Станува збор за хортикултурно и партерно уредување, поставување на урбана опрема но и поставување на нови јавно осветлување на повеќе локации во градот.
Пред неколку денови беше ставено во функција новото јавно осветлување во стариот градски парк, а во периодот кој што следува ќа биде поставена нова урбана опрема.
“Во склоп на комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот, по расчистувањето на стариот Градски Парк, деновиве беше поставено и пуштено во функција новото јавно осветлување во паркот.
Во периодот којшто следува ќе бидат поставени корпи за отпадоци, клупи и фонтана”
-информираат од општина Кочани.