Една од поистакнатите активистки на т.н. Шарена револуција која со насилни протести протестираше против тогашната власт сега повикува на обединување и сплотување да застанеле еден до друг а не еден наспроти друг граѓаните на Македонија.
Вака Симона Спировска говореше дека ќе ја земела правдата во свои раце (што тоа и да значеше во 2017 година) и бараше смрт со бесење на свои сограѓани во 2017 година.
Сега во 2022 година Симона Спировска бара обединување и сплотување… Таа преку социјалните мрежи заедно со група други нејзини колеги од т.н. Шарена Револуција во јавноста пренесуваат некакво писмо за некаква наводна заштита на Македонизмот.
На ваквите повици за обединување бурно реагираат голем број на граѓани кои што се жртви на хибридниот режим на Зоран Заев во изминатите 4 години за кои ваквите обиди за премолчување на причините врз основа на кои е дојдено до денешната општа катастрофална состојба во државата се повеќе од смешни.


