Неспособноста е главна карактеристика на актуелното раководство на Државните Електрани на Македонија. И покрај тоа што многу често со лажни вести се обидуваат да ја манипулираат македонската јавност, тие лажни информации по потреба ги доставуваат и до Владата. Раководството на АД„ЕСМ” во неколку наврати ја информира Владата дека АД„ЕСМ” е во одлична состојба и нема никави проблеми во призводството на електрична енергија. Додека, оваа “розова” состојба се презентира, фактичката состојба е далеку од оптимистичка. Во РЕК Битола имаме хавариски состојби во процесот на производство, во Рудникот две багерски единици за ископ на јаглен се надвор од употреба подолго време, поради несовесно и нестручно работење на раководниот тим.
Ова што е прикажано на статусот на некој совесен граѓанин не се пловни објекти, ова се рударски постројки чија цена изнесува неколку милиони евра, купени со парите на граѓаните на Република Македонија, а несовесното раководство на РЕК Битола ги уништува.
Поради проблеми со димните канали и електростатските филтри во Термоелектрани Битола сė почеста е оваа слика на црн чад, со што “шампионите” во Енергетиката и “борците” за чиста животна средина вршат најголемо загадување при најмало производство.
Оваа апокалиптична состојба која се случува последните три години во Дражавните Електрани и РЕК Битола е како последица на нестручно и несовесно раководење и масовните партиски вработувања на нестручен кадар што резултира со хавариски состојби и со рекордно најмалото производство на електрична енергија во РЕК Битола, за што ВМРО-ДПМНЕ подолго време ја алармираше јавноста. Неколку пати ја известувавме јавноста дека во РЕК Битола има огромен број на партиски вработувања. Основен критериум за вработување за СДСМ е партиската припадност, наместо стручен кадар примен според техничката подготвеност. Затоа се случуваат вакви работи: потопени багери во вода како да се пловни објекти, загадување на човечката околина во близина на РЕК Битола како да работи на мазут, а не на јаглен.
Ваквата состојба нема да помине неказнето!
-реакција на Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ


