После исполнетиот прв ден од кампањата за Претседателските избори, Професорката Гордана Силјановска во доцните часови отиде да се опушти во еден од ноќните клубови во Стариот дел од Охрид.
Во градот кој што многу малку спие, младите го имаат главниот збор во вечерните часови, па така Професорката Силјановска размени мислења со голем број од младите кои беа присутни во клубот, додека во позадина атмосферата ја подгреваше добро познатиот рок ‘н рол бенд.
Нема поубав почеток од оној со младите. Хавана во Охрид е вечерва местото кај што се дружиме. Ве поканувам сите.
-напиша на фејсбук Професорката Силјановска.